Македонската филхармонија била создадена на 24ти ноември 1944год. Од композиторот Тодор Скаловски Денес, оркестарот брои 87 членови.
Удобно седиш во црвено меко седиште. На сцената, околу педесеттина музичари си ги штимаат инструментите во пријатен жагор. Звуците се мешаат, луѓето околу тебе шепотат, чекајќи да започне концертот. Одеднаш, светлото се менува. Музичарите седат исправено на нивните места. Публиката е тивка. Најпосле, диригентот пристигнува на сцената и сите ракоплескаат. Се разбира, не се работи за истиот аплауз кој се слуша на рок концерт. Тука е културен и благороден. Диригентот ја поздравува публиката и се врти кон музичарите. Повторно тишина. Концертот може да започне. Музиката е слатка и занесна, се чувствуваш добро, како во кожурец.
Симфониски оркестар: Што е тоа?
Светот на класичната музика и на симфонискиот оркестар е магичен и понекогаш тешко е да се разбере. Тоа се сет законици и правила, кои можеби се чинат чудни кога се нови. Дали се музичарите сместени по случаен редослед? Кога треба да ракоплескам? Зошто овој музичар станува а другите не? Ќе се обидеме да одговориме на овие прашања и да научиме повеќе за симфонискиот оркестар!
Најпрво, „симфониски оркестар“ е исто што и „филхармонија“. Тоа е група на музичари составена од четири вида на инструменти: жичани (виолина, виола, чело, бас), дрвени дувачки (флејта, кларинет, обоа…), дувачки (труба, тромбон, туба…) и ударни (таламбас, ксилофон…). Оркестарот е поделен во неколку групи: музичарите кои го свират истиот дел се во иста група. Секоја група има еден солист кој има посебна улога: тој мора да ги свири соло деловите од партитурата и да ги води пробите на својата група. Потоа, го има „првиот соло виолинист“ (или супер солист). Тој има хиерархиска улога и често го претставува оркестарот пред диригентот и публиката: тој го поздравува диригентот, им дава знак на музичарите да станат и е одговорен за штимањето на инструментите.
Можете да видите симфониски оркестар на различни места: во концертна сала како свират класична музика или на опера под сцената за да придружуваат музички перформанс или балет. Освен тоа, композиторите на филмска музика многу често користат симфониски оркестар! Но, бидете внимателни, во текот на концерт на филхармонија, има едно важно правило кое треба да го почитувате ако не сакате да се засрамите: аплаузот. Најчесто, во текот на еден концерт, неколкумина почнуваат да ракоплескаат, за жал кога не треба да се ракоплеска: засрамувачки момент. Па мора да знаете: во текот на концерт, се ракоплеска само кога четирите дела од симфонијата или трите дела од концертот се завршени. Ова е за да се зачува волјата и ефектот кои ги посакува композиторот. Понекогаш се дели програмата и на неа е означено кога публиката може да аплаудира. Како и да е, доколку не сте сигурни и за да се избегне недоразбирање, едноставно решение е да почекате останатите да аплаудираат па да им се придржите.
Фокус : Македонската филхармонија
Тина Иванова е асистент на продукцијата на Македонската филхармонија, музиколог и музички критичар. Таа се грижи за сите текстови објавени во програмите, на веб-страниците или социјалните мрежи и на комуникацијата со медиумите. Таа се нафати да ни одговори неколку прашања кои ќе ни помогнат да дознаеме повеќе за функционирањето и карактеристиките на овој оркестар.
Македонската филхармонија била создадена на 24ти ноември 1944год. Од композиторот Тодор Скаловски кој е еден од пионерите на македонската музичка култура. Тој го одржал првиот состанок на група музичари за да се создаде филхармонијата: првиот состав на оркестарот. Тој ги поставил темелите на голема културна институција, прва од овој тип во ослободената Македонија.
Денес, оркестарот брои 87 членови. Понекогаш, во зависност од потребите и делата кои се изведуваат, се ангажираат и хонорарни музичари. Но, што се однесува до вработувањето во оркестарот, се организираат аудиции со стручна комисија која одлучува дали некој е соодветен за работа во оркестарот. Во оваа институција, главната улога ја имаат менаџерот и продуцентите. Тие ги планираат концертите, ја одредуваат програмата, ги одбираат солистите и диригентите. Потоа, се одлучуваат датите на концертната сезона и се објавува програмата. Музичарите однапред се известуваат за што треба да се подготват. Вообичаено, пред секој концерт има три проби и една генерална проба, но ако програмата е посложена, се зголемува бројот на проби. Македонската филхармонија исто така настапува и надвор од Македонија. Тие имале неколку важни турнеи низ светот: Оман, Загреб, Сараево, Њујорк, а во октомври 2018 год., тие ќе настапуваат во Шпанија. Многумина од музичарите кои свират во оркестарот имаат и меѓународна кариера. Многумина од нив имаат рецитали, камерни концерти итн. Тие исто така настапуваат како солисти, особено во регионов, но и на европски и светски сцени.
Сега кога знаете повеќе за филхармониите, особено македонската, време е да одите на концерт! Следниот, на 29ти март, е посветен на стогодишнината од раѓањето на американскиот композитор Леонард Бернстајн. Настапот е насловен „Бернстајн 100“. Ќе диригира маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија а солистот е водечкиот челист Николас Алтстед. Не заборавајте да ракоплескате навреме и ужувајте во музиката!
Chloe Dumeusois
Translator: Evangelina Chapkanovska