Македонски

Сите цајкани се лоши… или не?

1122

Сила, институција за јавна доверба или корумпирана вооружена група под контрола на политичарите?

Џандари, цајкани, милицајци, пандури – членовите на полицијата се нарекувани со многу имиња, најчесто навредливи.

Отсекогаш се прашував за двојноста на полицајците. Децата ги идеализираат, во нив гледаат праведни витези на современото време кои ги бранат луѓето. Честопати дури и сакаат да станат како нив кога ќе пораснат и да се борат за вредностите за кои и тие се залагаат. Откако децата ќе пораснат, полицајците, наместо да бидат нивни сојузници, стануваат непријатели од кои се плашат, ги презираат или едноставно ги избегнуваат. Веќе нема почит. Имајќи полицаец во моето семејство, поминав низ истиот процес. Многу често се случува да се сомневаме кој кого брани и за што се залага. Иако е сомнителна сликата на просечен полицаец, малкумина го делат истото мислење кога станува збор за инспекторите.

Приказната не ја раскажува ниту Инспектор Гаџет, ниту Шерлок Холмс, туку вистински инспектор. Можностите поминуваат низ нашиот живот и само од нас зависи дали ќе ги фатиме. Иван го сторил тоа, имал шанса да студира на престижен универзитет во Турција, па прифатил и подоцна се приклучил на силите. Неговиот детски сон бил да стане адвокат, почнал да студира, но иако наскоро ја заменил актовката со униформа, тој сè уште стои исправен пред законот.

Наместо опширно познавање на законот, се фокусирате на одредени делови од вашата работа и учите како да ги користите во пракса. Академијата е место каде што ќе се здобиете со физички и ментални вештини. На такво место каде што имате голем психолошки притисок, почетокот е многу тежок. Доаѓате до степен кога помислувате дека ќе се срушите и ќe доживеете неуспех. Кога ќе го завршите тешкиот дел, имате чувство на гордост и задоволство. Ова не е идеалистичка гледна точка, се чувствувате како да сте созреале. Исто како што виски прво созрева во дрвеното буре, тоа е начинот на кој созревате во животната средина во која важат строги принципи. Кога ќе се вратите дома, се чувствувате постабилно. И покрај тоа што го гледате притисокот на вистинскиот живот, мислите дека тоа не е ништо и многу сте помирни откако ќе ја поминете академијата. Се чувствувате созреани и не може ништо толку лесно да ве изненади, а малите нешта ги сметате за неважни. Кога ќе удрите во ѕид од лоши работи сте постабилни и можете подобро да се справите со сè.

Четиригодишното образование ви помага да стекнувате многу нови вештини. Би сакал да го кажам тоа во две реченици, но не е можно. Добар инспектор треба да биде сталожен, смирен и внимателен. Не треба да дозволите лесно да ве изненадат, треба да ја предвидите ситуацијата, да обрнете внимание и да не очекувате, инаку ќе ја изгубите чувствителноста. Треба да бидете упорни кога ќе забележите неконзистентност во исказот, тогаш осомничениот ќе ја смени изјавата и ќе го најдете кривецот.

Никогаш не се гордеам кога ставам некого во затвор. Кога се работи на случај најголемо задоволство ми претставува собирањето докази и увидувањето различни можности. Интересно е кога ќе ја видите камерата која никој друг не ја забележал, а потоа ќе ја земате снимката. Кога ќе ги видите отпечатоците од прстите и тие се убави и јасни, си помислувате: Ова е многу јако! Задоволни сте кога ќе забележите работи кои не се лесно воочливи. Вложувате големи напори за да  ги откриете деталите и кога ќе ги видите резултатите од макотрпната работа сте среќни дека сте направиле нешто добро за луѓето. Ние, всушност, работиме за луѓето, а не против криминалците, но тоа оди заедно. Вредностите и оваа работа се испреплетени. Нашата работа е да им ја донесеме вредноста на луѓето и да ги затвориме луѓето што ја срушиле вредноста на другите, а тоа не може да се одвои едно од друго.

Не дека ги мразам луѓето со кои работам, не сум против нив и никогаш не сум сретнал некој на кој не му/ѝ се допаднал начинот на кој разговарам со него/неа. Луѓето кои имаат негативна слика за полицијата се под влијание на медиумите и живеат во балон. Демонстрантите ги гледаат полицајците што ги штитат зградите на државата и сметаат дека се против нив. Ова изгледа незрело и неточно. Поголемиот дел од луѓето кои ја мразат полицијата не биле ни вклучени во каков било полициски случај, туку само слушнале нешто од некого што го познаваат. Пред да почнам да работам во полиција имав средби со полицајци и никогаш не ги разбирав луѓето кои се плашат од нив. Иако не направиле ништо лошо, луѓето ги гледаат полицајците како брутални. И ние од полицијата сме нормални луѓе, работиме како тим и секогаш сме тука кога е потребна помош.

Во зависност од расположението, се менуваш од добар до лош цајкан, не може секогаш да бидеш ист. А јас сум еден од лошите.

Aleksandra Grzyb

Translator: Liljana Ristova

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s