Култура

Целиов амбиент на турски серии во кој живееме има свое влијание

1

Филмот Три дена во септември ја освои награта за најдобар филм на филмскиот фестивал Balkan Florence Experienceкој годинава од 22ри до 25ти февруари се одржа по 6-ти пат во Фиренца. Режисерот Даријан Пејовски доаѓа од познато уметиничко семејство – неговиот брат Александар е композитор…

Потекнуваш од семејство со голем меѓународен успех во свеот на уметноста. Дали ова влијаеше врз твојот уметнички израз?

Тоа што растев во музичко семејство многу ми помогна. Татко ми е композитор, па од мал научив дека уметникот не e само она што го гледаме од надвор. Освен што треба одлично да владееш со вештината, уметноста бара силна, религиозна и интимна поврзаност со своите/сопствените дела. Без разлика на нивната успешност. Тоа е стил на живот кој бара посветеност и превземање ризици/подготвеност на ризици. Има едно верување дека при правењето филм најтешка е соработката со композитори. Но јас го немам овој проблем бидејќи брат ми е композитор и заедно имаме работено на речиси сите мои дела/остварувања.

Многу пати сум бил во киното во Фиренца каде што ја освои последната награда. Секогаш се восхитувам на ентериерот, овде кината се trashy. Дали мислиш дека Италијанците повеќе ја познаваат уметноста и филмот од нас? Која е разликата помеѓу културата таму и овде?

На секој фествал на кој сум учествувал, не само во Италија, публиката е целосно вклучена во секој филм. Неверојатно е како луѓето се интересираат за филмови направени во држави за кои не ни слушнале. За да се изгради било каква култура, одење на кино или на концерт, требаат години, а за кратко време може да се уништи. Која бев мал постојано одев на кино, исто и моите родители. Но во последните петнаесет години, имаше период во Скопје кога немаше кино. Дури и денес, во целиот град има само едно кино со повеќе сали. Па, да мислам дека Италијанците иаат поголемо уметничко знаење/повеќе ја познаваат уметноста.

Нашите филмаџии имаат лоша репутација, иако имаат успех на меѓународната сцена. За нив сметаат дека се луѓе кои случајно се занимаваат со продукција, плагијатори, немаат филмско знаење и не ја познаваат уметноста дури и не се ни искрени. Имам читано за ова во бившата Југославија и мислам дека е еден културен товар од тоа време. Дали мислиш дека нашата земја нуди образование од кое произлегува квалитетно знаење за филмската уметност и има вметнато доволно етика?

Дури и да биде добар образовниот систем, а не е, целиов амбиент на турб фолк/ турски серии во кој живееме има свое влијание. На ТВ каналите во Македонија нема ништо освен турски серии, глупава музика и политика. Овие работи покрај тоа што се одразуваат врз културолошкото учење на младите, создаваат и предрасуди и опасни стереотипи за семејни вредности, проблеми со полот и сл.

Земајќи ги предвид последните достигнувања во технологијата каде ја гледаш  иднината на киното кај нас и на глобално ниво?

Живееме во време кога ТВ екраните стануваат се поголеми, а кино салите се помали. Постои едно општо мислење дека правењето филмови е демократизирано, дека опремата е поевтина, секој од дома може да направи филм итн. За среќа има вистина во ова, но реалноста е дека пазарот е презаситен со соджини. Има илјадници пријавени филмови за секој фестивал. Поради огромниот број филмови направени во година само мал дек се прикажуваат на филмовите, ТВ или на платформите за стриминг/пренесување. Така што да – имаме повеќе можност но и многу, навистина многу повеќе конкуернција.

Во твојот награден филм главната улога ја имажена. Дали се двоумеше бидејќи не знаеш доволно за женската психологија? Земајќи предвид дека беше релативно неискусен кога го правеше филмот, дали би променил нешто од денешна гледна точка?

Секогаш ме привлекувале женски ликови. Можеби баш заради тоа што сум маж и не знам доволно за женската психологија. Само знам дека има нешто посебно во жената-херој. Дали е тоа Рипли во „Осмиот патник“ или Никита, секогаш е поинтригантно ако има главен женски лик. Ликот секогаш има една или повеќе препреки на патот можеби поради постојаните предрасуди за жените. Дали би сменил нешто во филмот кога го гледам сега? – Не. Не велам дека е совршен, но по три години и јас сум друга личност па најверојатно и филмот би бил поинаков.

Кое е, според тебе, најдоброто влијание кое би можело да го има кинематографијата?

Киното е моќен медиум, тоа не е ништо ново. Низ вековите се користел и злоупотребувал за секакви цели. Убавината е во тоа што е единствена уметност која може целосно да не однесе во разни светови или ликови. Така што за мене ова е патување, без разлика каде завршува.

Интервјуто го направил: Игор Поп Трајков
Фотографиите се сопственост на Art Proekt Lab, фотограф: Нате Батев

Translator: Nina Mirchevska

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s