Локални активности

Ден на Земјата во Богомила

22 април, ден на нашиот дом, планетата Земја. Невладината организација Еко Логик како и секоја година организира нешто посебно за овој ден. Овој пат, Клои и јас го поддржавме Никола и неговиот тим во акцијата. Рано наутро отидовме во Богомила, малечко село во централниот дел на Македонија, во близина на градот Велес. Нашиот план беше едноставен. Заедно со децата од училиштето да го исчистиме селото. Ги поделивме децата во групи, ги опремивме со кеси за отпад и ракавици и им ги покажавме патеките. Отидов со една група повеќе на ридот каде што беше манастирот, Chloe отиде кон автобуска станица и  реката. Кесињата за отпад брзо се наполнија, децата не пропуштија ниту еден отпадок. Потоа камионот го натоваривме со многу кеси со отпад. Мило ми беше што успеавме да собереме многу отпадоци. Селото сега изгледа многу подобро, се надевам дека долго ќе остане така.

Потоа дојде време за малку спортски активности. Децата беа полни со енергија, па со часови игравме фудбал и пинг-понг. Особено девојките беа заинтересирани за фудбалот. Видов голем потенцијал во нив, се надевам дека ќе продолжат да спортуваат. Благодарение на овие активности можевме да го вежбаме нашиот македонски јазик. На крајот имавме мала прослава со скара. Таму се чувствувавме многу добредојдено. Со Клои со нетрпение очекуваме повеќе настани со Еко Логик, бидејќи дефинитивно, на Македонија и се потребни повеќе активности од тој тип.

Paulina Gołębiowska

Translator: Kristina Mitrovska

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s