пулсот на Скопје

Стара Чаршија, место кое што не можете да го пропуштите додека патувате во Скопје. Местото кое пулсира со живот преку ден и нуди многу места за пиење и забава ноќе. Треба да ја поминете реката Вардар на историскиот Камен Мост и да го оставите зад себе модерниот дел од Скопје. Потоа влезете ВО древниот отомански пазар, еден од најдобро зачуваните на Балканот. Атмосфера на ориент, накит,  продавници и мали ресторани кои служат традиционални балкански или турски кујни. Чувство дека времето тука малку се забавува.

Еден ден, влегов во овој шармантен дел од Скопје со поинаква намена. Сакав да дознаам каде младите имаат забави и кои места се чини дека се најинтересните. Дали ноќниот живот овде е различен отколку во Полска или во други земји? Бев свесена дека поради зимската сезона, Чаршија не го покажа вистинскиот потенцијал. Сепак, ноќниот живот започнува тука доста доцна, но трае до раните утрински часови. Значи, ако барате забава во 20 часот, не очекувајте преполни локали. Во текот на зимата Стариот град се чини дека е празен, некои места се затворени, така што најдобар начин да се има незаборавна ноќ е да се праша за совет од локалното население.

Овој пат им давам глас на младите и странците кои живеат во Скопје и можат да го споделат своето искуство.

DSC_0051

Места вреди за посета

Бојан, Македонија:  Ја избрав Пивница за време на летните ноќи, бидејќи можете да уживате во музиката во живо, да размислувате за ѕвездите од балконот и да поминете забавно време со пријателите додека дегустирате разни видови пиво. Преку ден ја препорачувам Менада, место совршено за работна средба или романтичен датум а ако сте гладни препорачувам вкусен помфрит и пица.

Александра, Полска: Навистина е тешко да се истакне само едно омилено место во Чаршија, бидејќи има толку многу магични агли, тесни калдрмирани улици и тајни патчиња. Јас би рекла дека веројатно целата Чаршија е мое омилено место, но ако морам да  изберам, ќе го истакнам Капан Ан со изненадувачката содржина, која што се вклопува во ноќен клуб и во училиште за муслимански девојки. Ја сакам двојноста на својата природа и архитектурата на местото што ќе ве врати во времето на Отоманската Империја. Вториот фаворит ќе биде Безистан, скриен скапоцен камен и место за бегство и одмор надвор од гужвата.

Милан, Македонија: Кога сакам да го комбинирам одличното вино, храна и музички бар Темов е местото каде што одам. Јас исто така  гипрепорачувам пабот Стар Град.

Крис, Јужна Африка: Моето најомилено место во Чаршија би било најверојатно Allure Bistro. Причината е тоашто за време на викендите има латино забавивклучувајќи салса и бачата, а тоа се танци кои ги уживам, па убаво е да ги вежбам моите танцови вештини таму. Исто така, тие обично се отворени до доста касноза време на викендите, мислам  околу 3 или 4 часот, што е добро.

Александра, Македонија: Откако студирам на Меѓународниот Балкански Универзитет, каде што сите мои пријатели се Турци, Албанци, Босанци … Почнав да се дружам со нив во Старата Скопска Чаршија. Активно одам таму со нив, но сепак не можам да  издвојам кое место ми е омилено. Меѓутоа, ако сакате да го поминете своето време “меѓународно” во текот на денот, да пробате турски чај или шиша под сончеви зраци, одете во Албум Шиша или Наргиле Кафе, но не заборавајте да ги земате очилата за сонце. А навечер? Едноставно облечете ја вашата облека за забава, доведете ја позитивната енергија и дојдете во Аllure Bistro. Токму сега, таму се случуваат најдобрите латино забави во Скопје.

Вафире, Македонија: Местото што го сакам во Чаршија е К8те. Го сакам ова место, бидејќи ме потсетува на Италија и Турција. Уште повеќе, бидејќи кога бев таму за прв пат имав навистина убаво време со мојот италијански пријател. Беше прекрасна пролетна ноќ. Свеќите ја осветлуваа малата улица, прекрасни спомени.

Капан Ан, Менада и Allure Bistro беа местата посочени oд повеќето луѓе што ги прашав. Изгледа дека тие се задолжителни места за забава додека ја истражувате Чаршија. Забележете го тоа!

Сите знаеме дека добрата забава е повеќе за луѓето отколку за местото. Со тоа, се обидов да наведам дали македонските забави имаат нешто што може да биде различно од другите земји.

Крис, Јужна Африка: би рекол да, за поголемиот дел. Никогаш не сум бил на латино забава во Јужна Африка, но има места како Капан Ан, кои организараат повремено trap / drum n bass/ dubstep забави кои ги имаме слични во мојата родна земја (во смисла на големината на просторот и атмосферата). Убаво за забавитево Чаршија е тоа што за таква “мала” област постојат различни забави, како што се:  бенд во Пивница, различен стил на забава во Connect, Allure, Kapan An итн.

Александра, Полска: Забавитесе различни, но мислам дека не е поврзано со Чаршијата сама со себе, туку со Македонија во целина. Пабовите се погласни, забавите почнуваат подоцна, ако временските услови дозволуваат (а тоа трае 7 месеци во текот на една година), толпата е надвор, стоите поголемиот дел од ноќта и се движите заедно со музиката.

Александра, Македонија: Јас сум била во повеќе од 20 земји низ цела Европа, и можам да кажам дека ако сакате да одите во вистинска забава, само посетете ги балканските земји, особено Македонија. Не затоа што живеам тука, но ако можам да го дефинирам нашиот менталитет, ние сме луѓе кои се забавуваат за време на целата недела, не е важно дали е понеделник. Дали знаевте дека имаме 8 “работни часови” дневно? Се разбира, зборувам за часови за забава, каде што нашето забавно време започнува во 21:00 часот до 05:00 часот. И како да тоа не биде така кога постојат различни типови на забави, за секој вкус, за секој ден од неделата. Но најважно е да играме, дури и ако сме во бар, кафуле, диско, ресторан … никој не суди ако си добар танчер или не.

22554730_502314663464932_506204461760786471_n

Клои, Франција: Македонскиот начин на ноќен живот е сосема поинаков. Прво, затоа што одам на латино забави во поголемиот дел од времето кои ги нема во мојот град во Франција. Истотака, обично имам чувство дека луѓето повеќе се грижат еден за друг. Можете да танцуватекако  што сакате! И од самиот почеток се чувствував добредојдена. Тоа сигурно нема да биде така во моето место во Франција.

Андреј, Македонија: Мислам дека забавите во Македонија се различни од другите земји,но не подобри. Едно нешто што сум го забележал за македонските забави е тоа што луѓето навистина не танцуваат и можеби Чаршија е местото каде што се менува тоа. Чаршија има свој посебен дух и интересно етоа  како може да се трансформира од секојдневниот живот до ноќниот живот. Мислам дека сега се стреми да има повеќе европски дух и верувам дека приливот на странци има влијание врз тоа.

Омилена забава:

Тони, Македонија: Капан Ан, 5 часот,  транс забава и изгрејсонце заедно со дожд и виножито,  сите танцувавме на подиумот …

Александра, Полска: Мојата омилена забава во Чаршија се одржа кон крајот на летото во кафулето на Безистан -Beni’s Yellow Submarine, ми се допаѓа ова место, опкружено со Битлси и малку индустриски дизајн додека се пие алкохол  што го прави уште подобро. Во тесниот премин каде што бендот беше поставен малата толпа се собра. Потпирајќи се на ѕидовите, климнувајќи глави додека музиката ја свири, уживавме во изведбата на одличен длабок вокал. Атмосферата на летото и ова искуство вибрираше меѓу старите ѕидови.

Посебен момент:

Крис, Јужна Африка: Еден ден одев низ Чаршија со неколку пријатели од Македонија, Франција и Естонија и се запознавме со еден интересен старец кој почна да зборува со нас. Сфативме дека тој всушност може да зборува на многу јазици, меѓу кои и француски, македонски, италијански, алжирски, турски и малку естонски. Беше неверојатно, и тоа ми помогна да сфатам дека патувањето и учењето на нови јазици можат подобро да го поврзат светот.

Андреј, Македонија: Една од најинтересните работи што ги видов во Чаршија е кога имаше дерби на турското првенство во фудбал.Локалите за чај и кафе беа полни и одлично беше да се набљудува оваа возбуда и страст од навивачите. Мислам дека тоа навистина ќе ве однесе на пат кон Турција, особено во атмосферата.

Клoи, Франција: Прв пат кога отидов да јадам во Чаршијa, избрав  некоослучајно место, а во менито беа само ќебапи и грав. Никогаш не сум јадела грав во ресторан! За мене беше толку чудно што немаше различни јадења. Исто така, еден ден планирав да му се придружам на мојот пријател, Антоан во Чаршија. Ние не се договоривме за конкретното место и не си разменивме телефонски број  … Замислете, одев меѓу лавиринтот на улиците без надеж дека ќе се сретнамсо мојот пријател. И благодарение на некое чудо, конечно се најдовме сосема случајно во една мала улица! За мене сите агли изгледаат исто и тешко ми е да се ориентирам, но тоа е една од причините зошто го сакам местото.

Дафина, Македонија: Еднаш со еден пријател од Англија бевме Чаршија на турски чај и наргиле. Тој ми кажа дека има чувство дека е во Мароко.

Александра, Македонија: Па … најневеројатно за мене е тоа, кога и да одам во старата чаршија, се среќавам со некој од моите пријатели. Понекогаш, ако тие не се достапни за да ми се придружат, одам таму сама и повторно има други познаници кои можам да ги придружам. Веднаш заборавив да те прашам … сите ние пробавме турски чај нели? Но, дали сте го пробале турскиот чај со вкус лимон, киви, портокал, банана? Донесете ги очилата за сонце и дојдете во старата чаршија, не ви е потребно друштво, ние веќе сме таму.

Дефинитивно Чаршија е слава на Скопје, како и во текот на денот  такаи во текот на  ноќта. Значи, штом дојде викенд, не седете дома. Запомнете, мала забава никогаш не убила никој.

Paulina Gołębiowska

Translator: Ana Mihajlovska

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: