Македонски

Берлин – Островот на слободата

Берлинскиот ѕид стоеше десет илјади триста и шеснаесет дена. На 6 Февруари периодот по уривањето на ѕидот,конечно, стана подолг од оној на неговото постоење. Империјалниот главен град станаглавен центар на фанатички убиствениот режим, поделен на четири доминации, преработен, пресечен на два дела и фрлен во центарот на една од најразурнувачките војни во светот. Конечно, повторно соединет со доживотна неизлечива лузна што се протега низ неговото јадро, станувајќи главен град на модерните прогресивни европскивелесили.Изминативе стотина години, Берлин беше во центарот на големите светски промени на 20-тиот век. Тој е сведок на некои од најтурбулентните случувања низ своето историско патување.Понижен, брутализиран, уништен и обновен само за да биде повторно повреден, Берлин е трогателен историски тестамент, преживеан од 80-годишнототрауматично минато.

industry-3175826_1920

Сепак, градот се спротивстави на искушението да го скрие своето минато под тепихот. Наместо тоа, го потврдуваше ова насилно и бурно минато. Насекаде, градот им оддава почит на своите жртви, искупувајќи со понизност.Некои од најпознатите споменици во Берлин се споменици од минатото. На Курфурстендам, еден од најпознатите булевари во Берлин стои Меморијалната црква ,,Кајзер Вилхелм”, која беше уништена за време на бруталната бура на Црвената армија во градот.Наместо да јасрушат и обноват, Берлинците ги оставија урнатините како што беа, а во внатрешноста покрај Ковентри крстот се наоѓа и рускиот православен крст, како симбол на помирување меѓу поранешните непријатели.

Помеѓу иконската Бранденбуршка порта и Постдамер плац, стои суровата и оригинална Меморијална куќа на холокаустот, каде што посетителите полекасе проголтани од импресивните бетонски стели во тридимензионална оптичка илузија.Слично на тоа, огромни делови од ѕидот сè уште стојат, главно во соседството на Фридрихшајн.Во останатите неколку стотици метри, може да се движитевопреостанатите делови на бетонската конструкција, сегапретворени во сиви платна за некои од најпознатите улични уметности на градот.

Дури и онаму каде што ѕидот е исчезнат, асфалтирана линија во различна боја и облик, означена на секој метар со крстови, сèуште го следи патот на оваа брутална материјализација на Железната завеса.Како и во речиси цела Европа, познатата златна калдрма“Stolperstein” – талка по улиците на градот.Калдрма со која се означува последната позната резиденција или место на работа на еврејските жртви на нацистичкиотварваризам. Оттука, во извесна смисла, Берлин претставува подвижен музеј.Бидејќи Берлин и Германија воопшто, го потврдуваат и смирено го одбележуваат своето минато, шетајќи низ улиците, човек може да ја почувствува тежината на историјата.Бранденбуршкатапорта е одличен пример за тоа.Од силите на Наполеон победоносно парадирајќи под нејзините столбови, па сèдо познатите слики од советската воинка Марија Лиманскаја насочувајќи го сообраќајототкако нејзината армија го освоила градот.Не заборавајќи го Роналд Реган, кој го повикал советскиотлидер да го сруши истиот ѕид пред кој и самиот стоел за време на својот говор.Да се набљудува споменикот е да се сведочи историјата,да се копа во целата сила на светската промена која Портата претпазливо ја чува во својата ДНК. Ова е вистината за поголемиот дел од градот.

 

Кога Германија повторно се соединила во почетокот на октомври 1990 година, некој би помислил дека Берлин ќе ја отслика земјата исто како што ја отсликалЗавесата.Дваесет и девет години по неговиот пад, духот на ѕидот е сè уште присутен -“Mauer im Kopf” или “wall in the mind”, како што вели поговорката.Берлин можеби е обединет, но се уште има двојно лице. Навистина, Западна Германија имаше време да се развие колку и која било друга либерална западна метропола.Особено, како “остров на слободата” во “комунистичкиот океан”, градот беше значителносубвенциониран за да напредува и да се развие за да го стави својот нос во Германската комунистичка демократска република (ГДР). Децениите на субвенции го трансформираа градот во модел за “Витрина на Западот”. Лесно може да се препознае поранешниот Западен Берлин.Облакодери, чисти модерни булевари, скапи ресторани, луксузни хотели или големите стари класични згради се вообичаени.Центрите за образование, истражување и висока култура и ден денес сè уште се концентрирани во западниот дел. Сите четири најстари и најпрестижни универзитети во Берлин, вклучувајќи го и Универзитетот Хумболт, се наоѓаат во западниот дел.

Источниот делпак, нуди многу поинакво лице. За две генерации, источните Берлинци биле малтретирани со масовно набљудување, политичка репресија и полошо, во култура на недоверба и параноја. Падот на ѕидот го остави Источниот Берлин, како главен град на пропадната држава, една поранешна авторитативна структура со распаѓачки институции, и сè повеќе ирелевантна политика.Источно-Берлинците масовно побегнаа на Запад и строгата полициска држава исчезна во прав.Долго изгубената половина на градот беше целосно напуштена.Резултатот беше… неочекуван.Во меѓувреме, музичка револуција се одржуваше низ целиот свет. Таква што сукцесивно ги загади Чикаго, Детроит, Манчестер, Лондон и Париз и го виде раѓањето и извозот на нов жанр на музика, со свој начин на живот. Ентузијастичката култура на габер, техно музика и асид хаус ги освојуваше младите.Сепак, нелегалните бесплатнизабави кои понекогаш траеја и со денови, беа постојанопотиснати.Насекаде, јавното мислење на постарите лицазвучеше загрижувачки, што резултираше со полициска акција против овие нови движења, ефикасно притискајќи ги рејверите во добро регулирани клубови на милост и немилост кон конзервативните локални здруженија.Целиот град, лишен од било каков надлежен орган кој би наметнал каква било регулатива, со стотици напуштени згради, беше отворен за преземање.humboldt-university-1274838_1920

Оттогаш, почна да се одржува модерната златна треска. Диџеи, музички продуценти, сопственици на брендови или организатори на настани од целиот свет ги поплавија портите за да го освојат ИсточенБерлин. Нови видови клубови, рејвови и бесплатни журки се појавија насекаде, немајќи кој да ги затвори.Соседствата на Пренцлауер БергНојкелн, Фридрихшајн,Темпелхоф, па дури и поранешниот западен Кројцберг беа ревитализирани за да станат главни жаришта за музика, современа уметност и субкултури. Родени се автономни заедници, како растафаријанската “Yaam” долж Шпре.Напуштените згради биле редизајнирани за да станат дел од најиконските ноќни клубови во светот, како што се “Трезор”, кој произлегува од стара стоковна куќа или митскиот “Бергхајн” сместен во поранешна советска централа.Другите едноставно се користат за еднократни настани, како што е напуштениот аеродром Темпелхоф, дом на многу рејвови и фестивали, а сега и дом на сириските бегалци.

Ноќната култура го обзеде градот.Оттогаш хедонизмот напредна.Источниот Берлин се одмазди за историјата.Цутејќи од проколнатград до светски главен град на уметничкото изразување. Источните Берлинци, пригушени толку долго, можеа конечно да се отцепат.Слободата го зеде својот данок на истокот. Недостатокот на вистинско спроведување на власт по неколку децении молчење направи било каков вид на општествени норми и културни очекувања да имплодираат.Граѓаните го вратија својот град. До ден-денес, алтернативните фолклори сè уште се шират насекаде.Уметноста преовладува. Берлинците се отцепија од сите општествено конструирани норми.Секој може да сепронајде себеси и вистински да ужива. Една цела генерација придонесе за оваа нова култура на вистинско прифаќање и лично ослободување.Никој ова не го опишува подобро од Ан-Лоре Џеге, автор на “Demande a la nuit“, монографски приказ на нејзините 5 години во Берлин: “Би сакала да го предизвикам градот на дуел, гласно да ги извикам оние работи што можатнормално да се кажат во другите главни градови… но, во Берлин… не можете ништо да освоите, освен самите себе.”

 

Три децении, бодликавите жици, стражарниците, минското поле, електричните огради и ѕидот од бетон ги пуштаа своите корени во градот.Една генерација е се што е потребно за да се трансформира архитектурата, духот, филозофијата и динамиката на еден град.Берлин е, всушност, два града споени во еден; слично на сијамски близнаци кои би биле принудени да растат игнорирајќи се меѓусебно, конечно гледајќи еден во друг во својата зрелост, само за да пронајдат странец со кој ќе го споделат своето тело.Сепак, и покрај разликите, тие се браќа.Тие се сакаат иси припаѓаат еден на друг.Во изминатите дваесет и девет години, градот се издигна од својата пепел на посебен, ревитализирачки начин.Неговите граѓани се справија со неговите лузни, нудејќи прибежиште за длабоко индивидуално ослободување на умот и телото.Берлин се одмазди за историјата во името на своите граѓани, хронично брутализирани од авторитарните сили.Главниот град на обединета Германија, од центарот на нервозните геополитички тензии, прераснаво едно од најкултурните динамични жаришта на светот, срцето на најмоќната економија во Европа, водечка силана уметничката авангарда и алтернативните сцени.До ден-денес, Берлинсосемаоправдано го носиназивот “Остров на слободата”.

Антоан Ломба

Превод : Маја Краљевска

Categories: Македонски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s