Информации

7-ма Конференција на Македонски Модел на Обединети Нации

“Вие сте  во чевлите на амбасадорите на ОН – да подготвите резолуции, да планирате стратегија, да преговарате со вашите сојузници, како и со вашите противници. Вашата цел може да биде да се реши конфликт, да се справите со природниакатастрофа или да се соберете како нации и да расправте за прашањето климатските промени. Може да играте улога, но исто така се подготвувате за живот. Вие дејствувате како глобални граѓани.”  Бан Ки Мон, Генерален Секретар на ОН(2007-2016)

На 28ми Април 2018г. во просториите на ФОН Универзитетот во Скопје се одржа седмата по ред Национална конференција на програмата Македонски Модел на Обединети Нации во организација на Коалиција на младински организации СЕГА.

Програмата Македонски Модел на Обединети Нации има за цел како да им се претстави работата на Обединетите Нации и можност младите да ги зајакнат своите капацитети за застапување, лобирање, преговарање, дипломатија, разрешување на конфликитиMMUN 2018.jpg, јавно говорење и пишување. Програмата оваа година вклучи млади луѓе на возраст од 16 до 25години кои имаат амбиција да бидат дел од демократските процеси, меѓународните соработки, разрешување на глобалните прашања и застапувања и лобирање за разрешување на глобалните ситуации и прашања.

Во улога на делегати, младите од повеќе градови во Македонија на Конференцијата ММОН 2018 ги застапуваа ставовите на31400912_10156666047624925_9167254304187863057_n 15 земји членки на ОН во 6 различни тела/комитети  на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реалните и тековни  светски теми, од намалување на сиромаштијата, бегалската криза, деца во вооружени конфликти, човековите права, економска глобализација, одржување на меѓународниот мир и безбедност, и мерки за борба против тероризмот.
На Конференцијата покрај симулација на работните тела кои се дел од Обединетите Нации : Советот за Безбедност, Економскиот и Социјален Совет, Генерално Собрание,УНХЦР и Културно –Хуманитарен Совет, веќе две години по ред е дел и Младинското собрание(Youth Assembly) каде што младите делегати имаат за цел да дискутираат за прашања кои ги засегаат младите во Македонија.

Волонтерски Центар Скопје како регионална канцеларија на Коалиција СЕГА , и оваа година беше дел од програмата Македонски Модел на Обединети Нации, каде што, како ММОН клуб  подготви 4 Тим Лидери/ Амбасадори кои според програма и активности на самата програма на ММОН подготвија 35 млади луѓе да влезат во чевлите  на делегатите на земјите членки на ОН и да ги преставуваат и застапуваат нивните интереси.

На крајот на овогодинешната конференција беа прогласени и најдобрите делегати по комитети/совети на Симулацијата на ОН. Па така од ВЦС ММОН клубот признание за најдобри делегати на ММОН 2018 се здбија: Марко Мојсов(Генерално Собрание), Исаја Карадаковска(Младинско Собрание),Дарко Милошевски(Совет на Безебдност), Валерија Илиевска(УНХЦР) и Јана Неделковска(Економски и Социјален совет).

Волонтерски Центар Скопје оваа година  доби признание за најдобар клуб во имплементација на активностите на програмата Македонски Модел на Обединети Нации 2018.20180430_153113

Енергијата и атмосферата што ја понуди овој целодневен настан, на самата организација и на сите вклучени координатори и учесници, даде мотивирачки дух да се продолжи со истото темпо на работа и следната година да им се понуди можноста на младите да бидат дел од ММОН програмата.

Во досегашното седумгодишно имплементирање на програмата Македонски Модел на Обединети Нации, учество имаат земено над 1200 млади луѓе од Македонија и регионот.

“Академската симулација на Моделот на Обединети Нации, нас како тим лидери ни дава одлична можност да ги развиваме и надоградуваме знаењата и вештините на членовите на нашите тимови. Особено е важен моментот на врсничка едукација и споделување на информациите, искуството и знаењата како еден од најдобрите методи за развивање на капацитетите. Успехот и задоволоството на нашите делегати особено не радува и не прави горди. Понатамошната соработка со делегатите на нашите тимови е само уште еден доказ за успешно завршената работа.” – Вафире Мухареми, ММОН Амбасадор.

Вакви Конференции на моделот на ОН се организираат во најголем дел на земји членки на ОН, со цел младите луѓе да се запознаат со работата на ОН, да се едуцираат за тековните општествени настани и дипломатијата на ОН.

Автор: Ивана Анѓеловска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s