Неверојатна функционалност на просторот и природната светлина

DSC_0002

Музејот на Македонија се наоѓа во убавото опкружување под падините на Кале, помеѓу Старата Скопска Чаршија и тврдината. Ова место има посебно, сентиментално значење за скопјаните, со оглед на тоа што секој од нив, за време на средно, требало да ги посетува тамошните изложби. Иако изгледа доста модерно, оваа зграда е целосно стилистички инкорпорирана со нејзиното историско опкружување; коментарите на туристите секогаш посочуваат дека ова е едно извонредно и талентирано дело на архитектурата. Кога јас бев во средно исто така се восхитував и на тоа како е решен проблемот со светлината, зимајќи во предвид дека има прозорци на краевите/аглите, па така што целата просторија со нејзините изложби е осветлена. Исто така местото е сосема професионално испланирано( од страна на архитектите Мимоза Несторова Томич и Кирили муратовски) за да ги задоволи барањата на модерниот музејски простор.Туристите можат да влезат потполно релаксирано, бидејќи циркулацијата на посетителите е регулирана со повеќе-катен систем којшто најмногу е насочен кон елипсовидни кривини, во облик на бројот осум. Мојата омилена изложба како средношколец беше мумијата; на некој начин не плашеше сите нас, тинејџерите коишто преувеличуваат, но во исто време и не потсетуваше на времињата на нашите предци и колку е кршлива,но горда нашата цивилизација и колку е старо Човековото присуство на оваа земја. Сега, мумијата ја нема. Неколку пати ги прашав оние од музејот за тоа  каде е таа, но тие беа зачудувачки неподготвени да ми кажат било што. Се надевам дека таа не е украдена од старана на музејот како и други работи до сега.

Подоцна, кога студирав литература бев импресиониран од статуите на двата Диониси коишто играат( копии на оригиналите пронајдени на оваа земја, но зачувани во Белград; многумина се обиделе да ги вратат но сето  тоа било бесцелно) кои им беа презентирани на студентите при посебна тура од страна на познатиот писател и професор Влада Урошевич. Но, колку е чудно тоа што јас бев единствениот студент од целиот оддел којшто се појави на презентацијата… На некој начин овој музеј секогаш правеше сите ние да се чувствуваме посебно, без оглед на тоа дали сме инволвирани во локалната кутура, впрочем дали и воопшто.

Потеклото на музејот датира во 1924 кога бил формиран Археолошкиот Музеј, потоа во 1945 бил изграден Народниот Музеј на Македонија.Колекциите на музеите беа ставени во Куршумили Ан, во зградатаМетропол ( на самиот плоштад) и во една oд зградите на тврдината Кале којашто се распадна за време на зејотресот во 1963. Ако се вратиме назад во историјата можеме да кажеме дека археолошкиот и етнолошкиот оддел беа воспоставени во 1949, додека во 1953 Историскиот Музеј со неговиот посебен оддел за Илинденското Востание во 1903. Музејскиот комплекс како што го знаеме денес беше изграден во 1976, собирајќи ги сиве 3 музеи, а во 1991 беше воведен и првиот оддел за уметоност.

Игор Поп Трајков

Translator: Nikolija Pehcevska

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: