Духот на ВЦС се ширеше и на Визер Маратонот во Македонија!
Тимот на ВЦС беше дел од 14-тиот Визер Скопски Маратон кој се одржа на 6ти Мај 2018г. Волонтерски Центар Скопје со своите локални и ЕВС волонтери ги поддржуваа тркачите. Оваа година на Скопскиот Визер Маратон учествуваа околу 10 000 учесници од 58 држави. Тие се натпреваруваа во маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 км. Целиот настан беше поддржан од градот Скопје и македонски уметници.
Визер маратонот во очите на нашите волонтери:
“Навистина ми се допадна оваа активност. Мислам дека спортот и ваквите настани се добар начин за здружување на луѓето. Токму тоа го доживеавме во неделата! Многу луѓе работеа заедно на настанот: организатори, волонтери, учесници, лекари, полицајци … Можеше да се почувствува магична атмосфера. Уживав во нашата волонтерска работа! Интересно е да ги охрабрите храбрите тркачи и да им помогнете во нивниот предизвик. Освен тоа, нашиот тим на волонтери беше навистина прекрасен и работеше заедно ” Клои Думеусоис,
“Ова беше мое прво вакво искуство и мило ми е што учествував. Само малку зажалив што бевме доста далеку од центарот на градот каде што беше крајот на трката. Видовме тркачи од многу различни земји, особено беше убаво да се види некој од Полска и да го поздравиш на полски. Ние им делвме вода и овошје на тркачите и тоа е најдоброто што можевме да го направиме за да им помогнеме да ја завршат трката. Уште сум импресионирана што толку многу луѓе, млади и постари, учествуваат на маратонот. Тие покажаа дека границите се само во нашите глави и ме мотивираа почесто да одам во спортската сала “- Паулина Голебиовска
“Отсекогаш сум сакала да волонтирам на спортски настани, но ова беше мојот прв маратон каде што имав можност да волонтирам. Навистина уживав во атмосферата на трката. Кога им дававме вода на тркачите тие ни возвраќа со насмевка и беше многу пријатно. Имаш и еден унгарски тркач кој во знак на благодарност ми кажа дека му се допаѓам, што беше убаво да се слушне. Сè на сè тоа беше големо искуство и јас би сакала да го направам тоа повторно “- Ан Аро
Очекуваме повеќе настани како овој кој ќе не сполтат и исполнат!
Фотографиите се превземени од страната на Скопски Маратон Skopski Maraton
Leave a Reply