Ерасмус+

“Impact Lab” Семинар за градење на капацитети на младински организации во Естонија

32155312_10215980429367376_3455621615667118080_n

Во периодот 23-30 април, Волонтерски Центар Скопје, претставуван од Васко Јошевски, беше партнер во проектот ,, Impact Lab”, семинар за градење на капацитети на младински организации заинтересирани за долгорочна меѓусебна соработка, со посебен фокус врз квалитетот и стратешки ефект, во организација на невладината организација ,,Noored Ühiskonna Heaks”, во Виљанди, Естонија.

За време на семинарот, 29 координатори на проекти и младински работници од Естонија, Кипар, Хрватска, Исланд, Грција, Литванија, Романија, Шпанија, Италија, Полска, Словачка, Унгарија, Турција, Данска, Чешка Република и Македонија имаа единствена можност да споделуваат искуства на полето на младинската работа и да развиваат долгорочни партнерства за идни заеднички проекти.

Семинарот беше насочен кон подобрување на менаџерските капацитети на организации кои се активни на полето на младинската работа, и поттикнување на меѓусебна соработка и работа на заеднички проекти, преку исполнување на следниве конкретни цели:

  • меѓусебно запознавање и создавање на атмосфера за креативно учење и работа
  • споделување на искуства од животот на младите и младинската работа во регионите на Европа претставени на проектот
  • детално презентирање на сите организации-учеснички, вклучувајќи ги нивните вредности, мисии, целни групи и ефектот кои сакаат да го постигнат во општеството
  • споделување на добри практики и алатки за работа со млади, фокусирајќи се на ефектот, квалитетот и промовирањето на резултатите
  • дискутирање и градење на капацитети за тоа како да се постигне и мери квалитетот, промовирањето и ефектот во нашата работа
  • презентација на програмата ,,Еразмус +” и други можности за финансирање и поддршка на организациите
  • поттикнување на воспоставување партнерства и создавање проекти со фокус на долгорочна соработка и стратешки ефекти
  • силно нагласено пренесување на способности и стекнати знаења по меѓународниот семинар, како и широка дисеминација и умножување на резултатите.

Исто така, за време на семинарот учесниците посетија неколку младински центри во околината на Виљанди, и имаа можност да дознаат повеќе за високиот квалитет на условите и работата на ваквите центри во Естонија. Работилниците и сесиите од семинарот беа водени преку мошне креативни методи од страна на обучувачите на семинарот, што секако придонесе за подобрување на вештините и способностите на учесниците за работа со млади во нивните заедници, како и при работа во меѓународни проекти.

“Impact Lab” беше мошне вредно искуство за ,,Волонтерски Центар Скопје”, бидејќи придонесе за проширување на нашата партнерска мрежа со нови партнерски организации од Европа заинтересирани за долгороќна соработка, и надградување на нашите капацитети за испорашување на квалитетни резултати во нашите проекти од програмата ,,Еразмус +”.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s