Локални активности

Eко акција во Бардовци

На 16-ти Мај Волонтерски Центар Скопје и Елколект ги здружија силите да го исчистат електронскиот отпад во Бардовци, општина Карпош.

Се собравме тоа утро со локалните партнери од Елколект и ги здруживме силите во мешани тимови. За волонтеерите од ВЦС тоа беше можност не само да помогнеме за животната средина туку и да дојдеме во контакт и комуницираме со локалните жители. Тоа беше навистина забавен настан со кој помогнавме на природата и исто така бевме дел од заедницата во една корисна кауза.

За мене беше важно да се подигне свеста за електронскиот отпад и како треба да се постапи со него. Се сретнавме со семејство кое непосредно пред настанот имаше фрлено 5 монитори во локалната река и се чини дека тие не биле единствените кои ја користат реката како депонија. И баш поради тоа почувствував дека е многу важно во иднина повторно да се организираат активности од овој тип.

И останатите волонтери потенцираа дека локалните жители биле многу пријателски настроени. Многу од луѓето ни нудеа овошја од нивните градини како израз на добредојде кај нив. И на крајот големо благодарност на Елколект што направи овој настан да се случи и би сакале да се продолжи со подигнување на јавната свест за рециклирање на отпадот.

Ан Аро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s