Фармерки: мистично парче облека коешто го носат сите…речиси!

jeans-428613_1920

Насекаде низ светот, луѓето ги носат: безвременски, унисекс и повеќегенерациски, тие се најпродаваните пантолони: фармерките.

Очигледно, не можеме да зборуваме за „Џинс“, ако не го спомнеме Леви Штраус. Околу 1850 година, Леви Штраус решил да имигрира во Сан Франциско,  за да отвори филијала и да врши продажба на тексас платна за шатори.Доживеал голем неуспех. Така, тојдобил идеја да произведува панталони од овој груб материјал.

Приказната на Леви започна благодарение на неговата соработка со кројачот Џејкоб Дејвис во 1873 година.Истата година, тие го патентираа нивниот производ, и кожниот квадрат стана нивниот заштитен знак. Веднаш доживеаја успех. Фармерките станаа основното парче облека за работниците, на кои им беапотребни поотпорни панталони. Беа толку успешни, што Леви Штраус морал да употребува друг материјал од Ним, Франција (па оттаму деним). Називот „Џинс“ бил зачуван како назив на парчето облека, но материјалот беше променет.

Дали знаевте дека до 1860 година, фармерките биле кафеави? Сините фармерки се појавиле кога Леви започнал да го употребува тексас платното.
1890: биле создадени познатите Левис 501, погруби и поотпорни за работниците. Дали знаевте дека во малите џебови чувале зрна од злато?
1930: Каубојците и вестерн филмовите придонеле фармерките да станат тренди парчиња, со тоа помогнале во ширењето на овие панталони низ целиот свет.

Хипиците од седумдесеттите ги користеле фармерките како дел од нивниот идентитет: додавале бои, бисери, цвеќиња и други работи за да фармерките бидат рефлексија на нивната личност. Фармерките рефлектирале една идеја за слобода: хипиците ги прилагодувале, младите и жените ги носеле за да искажат револт… На почетокот, фармерките биле облека на работничката класа. Модната индустрија ги присвои фармерките за да ги направи модерни. Тоа е парче што не престанува да нѐ инспирира. Дел е од секоја општествена класа, парче кое секој може да го носи.

Секоја деценија, се обновуваат фармерките. Затоа продолжуваат да опстојуваат како безвременска облека. Левис 501, лабави, широки,тесни кај глуждовите, широки кај глуждовите,ѕвонарки, тесни, бојфренд џинс, во боја…фармерки за сечиј вкус. Без разлика каква форма ви има телото, има фармерки скроени како за вас. Не ви се допаѓаат тексас фармерки? Не е проблем! Има многу различни начини за да се облечете со тексас: комбинезон, јакна, кошула, шорцеви… За некои луѓе фармерките се неопходно парче облека коешто можете да гоносите во секоја пригода.

“Често имам кажувано дека посакувам јас да ги имав измислено сините фармерки: спектакуларни, практични, опуштени и ноншалантни. Имаат израз, скромност, привлечост, едноставност – сѐ што сакам од моите алишта.“- Ив Сен Лорен.

Aida Athmani

Translator: Evangelina Chapkanovska

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: