Европскиот Парламент во Стразбур денеска ги отвори своите врати за младите

Илјадници млади денеска имаа можност да доспеат до Европскиот Парламент на Младинскиот настан EYE 2018.

На отворањето на настанот, претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, им се обрати на младите и одговори на сите нивни прашања поврзани со иднината на младите, ЕУ и на светот.

Во неформалниот дел од настанот се одржаа работилници на најразлични теми во кои младите имаа можност да учествуваат и да го споделат своето знаење.

Овој настан им овозможи на многу млади ширум Европа и Светот нивниот глас да биде чуен. Присутните имаа можност да се запознаат, да ги сплотат своите идеи и заедно да дискутираат за прашања од огромна важност за нивната иднина.

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: