Трето успешно издание на EYE2018

Третото издание на Европскиот младински настан кој изброи рекорден број од повеќе од 8000 учесници вклучени во над 400 активности, дебати и работилници во просториите на Европскиот парламент во Стразбур, помеѓу 1-ви и 2-ри јуни, е успешно затворено.

Млади луѓе од различни земји ги споделија своите идеи со луѓе ширум цела Европа, меѓусебно учејќи и земајќи активно учество во градење на силна и разнолика Европа преку дебатите кои беа сконцентрирани на 5 теми: Млади и стари, Богати и сиромашни, Раздвоени и Заедно, Безбедни и во опасност и Локални и Глобални.

Настанот беше придружен со два дена од YOFest, исполнети со стотици активности кои им овозможија на младите да создадат идеи и да бидат вклучени и воедно да го прослават младинскиот дух.

Со ранец полн со нови пријатели од целиот свет, добро чувство и свежа инспирација, учесниците од EYE2018 и Yo!Fest се вратија дома, подготвени да излезат, да ги вклучат другите и да ја споделат пораката на заедништво и разноликост знаејќи дека нивните гласови ќе бидат клучниот фактор во формирањето на иднината на Европа.

Фотографиите се преземени од фејсбук страната на Yo!Fest.

34195454_930016693831497_2785399854686273536_nYO! Fest

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: