Општина Кисела Вода заедно со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и оваа година по десетти пат го чествуваа ликот и делото на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.
На пригодната свеченост на која се одбележаа 219 години од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, присуствуваше и директорот на Волонтерски Центар Скопје, Никола Станкоски. Во исто време, се прослави и јубилејни 10 години од поставувањето на споменикот и оддржувањето на традиционалната манифестација „Пушкинови денови“.
На самата свечност остварен беше контакт помеѓу директорот на ВЦС и аташето за култура во Амбасадата на Русија, г. Михаил Лушин.
Манифестацијата започна со положување на цвеќе пред бистата на А.С. Пушкин, која се наоѓа на истоимената улица, од страна на делегацијата на општина Кисела Вода предводена од секретарот на општината г. Александар Алексовски, аташето за култура во Амбасадата на Русија, г. Михаил Лушин и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните од името на општината се обрати А. Алексовски, а од името на Амбасдата М. Лушин.
Leave a Reply