Карти во воздухот

19732080_10211376050369965_3611420898529169840_n

Интервју со Мајкл Леч, професионален играч на покер

Мајкл има 28 години, доаѓа од Америка и е професионален играч на покер кој неодамна го освои својот четврти прстен во Светската покер серија  во Франција.

Може ли да ни ја раскажеш твојата приказна?

Ќе треба да oдвоите многу страници за мојата приказна хаха. Имате среќа што водам/пишувам дневник за сите мои патувања – баш поради ова. Дипломирав на Универзитетот за интернационален бизнис во Арканзас во 2013 година. Обожавам спорт, искачување, патувања и секако – покер! Почнав да играм покер, меѓу другите игри, чисто за забава. Играв со баба ми и семејството кога се собиравме. Потоа како растев почнав да играм и онлајн на 17 години, продолжив да играм додека студирав и сé до денес. Успехот доаѓаше како што растев, почнав да играм во казина и да патувам сé повеќе. Играм секаков тип покер. Уживам кога играм мешани варијанти иако не се толку популарни и потешко се наоѓаат турнири. Најпрво, играм Тексас Холдем бидејќи е најпопуларна во светот. Моите родители беа скептични на почеток, иако секогаш ме поддржуваат, тој период самошто дипломирав а немав работа; но сега сите се среќни за мене и се гордеат со мојот живот и моите достигнувања.

Дали има разлика помеѓу играње во Европа и САД?

Секако дека има огромна разлика помеѓу секој регион каде што играм. Основинте правила се секаде исти, но стилот на играње и атмосферата се разликуваат. Казината во Еввропа се многу пофенсерски, а во Америка играчите се обично облечени и доаѓаат од секакви средини. Во Јужна Америка играчите се многу  поопуштени за разлика од оние во Франција кои кога губат знаат да се лутат како мали деца. Било каде и да играм уживам, но најмногу во Америка, на обични настани каде што може да се напијаам пиво и да зборувам со сите на англиски.

19989465_10211052965013033_2363475189068895584_n

Повеќе сакаш да играш во живо или онлајн?

Во последно време сакам да играм во живо бидејќи го најдов својот стил и не се плашам да играм со високи суми како што се плашев на почетокот. Во изминативе години играњето на интернет станува се потешко и бара многу повеќе работа ако сакате да бидете на врвот. Супер е како алатка за вежбање со можност за плус заработка ако ви тргне.

Кои се основните способност потребни за играње покер?

Трпение и агресивност во совршен сооднос, употребени во вистинско време. Математиката игра улога, но многу играчи имаат минимално познавање на математика а сепак победуваат што значи може и без неа. Јас се гордеам со знаењето што го имам и што можам да пресметам проценти многу брзо – предност во споредба со просечниот играч. Успешно можам да забележам разлики во шемата на играње и начини на обложување на другите –  мојата најјака вештина стекната благодарение на играњето онлајн која ја употребувам и кога играм во живо. Јас не ги “читам” играчите, туку нивните модели на играње.

Со што мислиш дека би се занимавал ако не играше покер?

Дефинитивно би работел нешто со луѓе, нешто интерактивно. Често волнтирам дома, во локални клубови, младински центри за учење, спорт и креативни вештини. Никогаш не сум спаѓал во онаа нормална категорија луѓе што имаат обична работа. Како секој од нас, претпоставувам, не сум сигурен каде би бил.

Како се тренира покер?

Тренирање значи вежбање, а најевтин и најдобар начин за вежбање е онлајн играње многу партии на многу маси истовремено. На овој начин ќе видите какви сé сценарија ќе изиграте и е подготовка за покер во живо. Спомнав играње на интернет затоа што турнирите во казина се речиси секогаш скапи и имате дополнителни трошоци за патување. Со Скот и други соиграчи често зборуваме за ситуации во кои сме се нашле и дискутираме што сме требале да направиме или што би било подобро. Никогаш не сум чиитал книги за покер, а има многу; гледам многу видеа од турнири каде што се покажуваат картите за да видам како ќе изиграат и да можам да го применам и јас.

World_Series_of_Poker_logo.svg

Дали имаш идол или некој играч кој ти се допага како игра?

Немам некој на кој што се огледувам. Има неколку врвни ирачи кои ги следам, гледам видеа како играат и кои им се шемите, ама идол немам.

Знам дека сакаш да патуваш. Колку земји си посетил и кои се твоите топ 5 дестинации?

До сега сум бил во 52 држави и нема да запрам тука!Петте  држави кој најмногу ми се допаднале  се мешавина од глетки, култура и искуства: Еквадор, Естонија, Македонија, Америка и Боливија.

Како се справуваш со губење?

Никогаш не е убаво да се губи. Се справувам такашто барам нов начин за победа – мразам да губам. Можеби ми помага фактот што знам дека покерот, до некаде,е игра на среќа и губењето е загарантиран дел од ова игра. Треба да се задржи фокусот, стабилноста и да се продолжи понатаму.

Момент со кој најмногу се гордееш од твојата кариера?

Момент со кој најмногу се гордеам… секако дека еден од најубавите моменти е освојувањето четири прстени во четири различни земји на Светската покер серија, но најголема победа и момент кој ми го смени животот е второто место на Светското натпреварување во покер во Лас Вегас во 2016. Ова беше пресвртница бидејќи луѓето кои беа загрижени што играм покер, почнаа да ме поддржуваат и честитаат за сите успеси во оваа игра.

Каде се гледаш себеси во наредните 5 години?

Во наредните 5 години, па којзнае. Можеби ќе се стабилизирам и ќе живеам некаде ако ја најдам вистинската личност. Планирам да играм покер, барем рекреативно до крајот на животот. Би сакал да продолжам да го шетам светот, да го свртам цел глобус и конечно да се одморам и да видам каде ќе ме однесе животот. Инаку, не планирам однапред хаха.

20994331_10211396055070070_1120100500666319281_n

Совет за они кои сакаат да почнат да играат покер?

Препорачувам сите да пробаат, тоа е одлична игра, тереност е ист за сите. Во покерот нема малцинства, мажи, жени. Сите ја играат истата игра – не мора да бидеш во форма, најбогат или најпаметен за да играш и да си поминеш убаво. Ако сте почетници – играјте многубез влогови кога можете и никогаш не играјте со повеќе пари од колку што би сакале да загубите.

За крај, која е твојата следна дестинација?

Имав некој план да дојдам повторно на Балканот, но изгледа нема да се исполни планот.. Извини Ан. Одам за Шпанија, таму ќе го поминам остатокот од мојата посета на Европа, заминувам во април. Потоа треба да одам на венчавка на мојот цимер, со кој живеев неколку месеци во Боливија, во Пунта Кања – Доминиканска Република. Потоа цело лето, поточно јуни и јули ќе бидам во Вегас за да играм на Светкото првенство во покер. Таму изнајмивме куќа заедно со пет пријатели од Литванија, Италија и САД.

Ан Аро

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: