Во периодот од 8 до 17 мај 2018 година, во организација на младинската организација “Fundatia Pentru Tineret Buzau”, во Сарата Монтеору и Бузау, се одржа младинската размена со наслов “BLUE WHALES ARE EVERYWHERE!“. 43 учесници од 8 земји Кипар, Чешка, Естонија, Италија, Литванија, Македонија, Словенија и домаќинот Романија имаа можност да научат како да ја зголемат безбедноста на користење на социјални мрежи и да ја зголемат својата улога и одговорност во спречувањето и елиминирањето на електронското насилство и ефекти.
Пред се, јас сакам да ја искажам мојата благодарност што имав можност да бидам дел од младинска размена “BLUE WHALES ARE EVERYWHERE!” што се одржа во Романија во перидот од 8 до 17 Мај 2018. “Cyberbullying”(Интернет насилството) доаѓа во цела низа на различни форми и големини и е нешто што е потполно субјективно на примачот. Примачот е дефиниран како употреба на дигитални технологии со намера да се навреди, понижи, да се закани, вознемири или злоупотреби некој. На оваа младинска размената на која учествува, научив како да се заштитам себеси од сајбер-апсењето. Најчестите места каде што се случуваат сајбер-насилствата се: социјални мрежи, смс, електронска пошта и др.
Има неколку совети за заштита од сајбер-насилствата: не одговарајте или избегнувајте, да ги зачувате доказите, да му кажете на лицето да престане, побарајте помош, пријавете, да ги користи достапните технолошки алатки, да ги заштити вашите сметки, и ако некој што го познаваш е малтретиран да се преземе и дејствува и заштитува.
Автор: Бојан Стојковски
Leave a Reply