Почувствувај го Скопје

 

Не сите од нас имаат можност да патуваат надвор од земјата за одмор, а и нашиот Охрид веројатно ќе биде окупиран од странски туристи. Навистина сакате да почувствувате летни вибрации, но дали Скопје нуди нешто интересно? Дефинитивно! Да се биде тука за време на летото може да биде и добра идеја.

Земете го календарот и означете ги датумите на најдобрите летни настани што ќе се случуваат во Скопје.

skopjecallingfinal_golema.jpg

Јуни

09.06 – Bölzer,концерт на екстремниот метал бенд од Цирих, Швајцарија. Нивните албуми се критички признати, па ако сте обожавател на  „тешките“  звуци, наскоро треба да го посетите МКЦ.

Skopje Calling –Ќе се одржат неколку концерти почнувајќи од првиот викенд во јуни.Сите од нив ќе бидат одржани на Стадионот на АРМ. Познати диџеи, легендарни трип хоп и поп рок бендови. Со оглед на тоа дека е промовиран како најголем фестивал во главниот град, можете да очекувате одлична забаваоколу сцената.

21.06 – Axwell & Ingrosso, двајца шведски диџеи, поранешни членови на шведскатагрупа Mafia House. Тие го имаасвојот прв јавен настап во 2014 година и оттогаш тие ги најавуваат најголемите електро-фестивали.Нивната најпопуларна песна е“More than you know”.

23.06 – Texas, иконскиот британски поп-рок бенд кој продаде 40 милиони албуми во речиси 30 години постоење. Можете да бидете сигурни дека Шарлин Спитери заедно со нејзините колеги ќе ги изведуваат сите познати хитови како “Inner Smile” и “Say what you want”.

22.06 – Morcheeba, класичен трип-хоп бенд кој за првпат доаѓа во Скопје. Освен постарите записи ќе презентира и материјал од најновиот албум остварен на почетокот на јуни. Morcheeba имаат репутација за одржување енергетски концерти, па подобро е да не ја пропуштите оваа свирка.

23.06 – Дарко Рундек, хрватската легенда, пејач, актер и поет ќе настапи токму пред групата Texas.

29.06 – Alernative Skopje-фестивал за млади бендовикој ќе се одржи во МКЦ.

11390553_811387545609934_4478413219991341474_n.jpg

Јули

26.07- МКЦ за Скопје-културен настан, во знак на сеќавање на 55-годишниот земјотрес во Скопје.

Poster ZM.jpg

Август/Септември

16- 23.089-ти Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“, Куршумли Ан.

Авангарден фестивал за креативни документарни филмови.Организаторите го опишаа настанот како “стимулирачко опкружување за размена на искуства и знаење за креирање и промовирање на документарни филмови со кинематографски квалитет, нудејќи ја креативната гледна точка на авторот, како во однос на содржината, така и во формата”.Освен филмските проекции, можете да присуствувате на работилници, изведби во живо и да уживате во музиката под ноќното небо.

01.09- ЗДРАВО МЛАДИ, Македонски културен центар (МКЦ) – 8-то издание на фестивалот на новата музика.Ќе биде само еден ден, но исполнет со музика, радост и забава. Во претходните изданија на фестивалот беаизведувани песни од:Slowdive, King Khan and The Shrines, Lee Ranaldo & EL Rayo, Follakzoid, Moon Duo, Metz, FM Belfast, Chinawoman. Доколку ја започнувате учебната година, ова ќе биде најдоброто место за тоа.

 

Сепак, може да очекувате се повеќе и повеќе интересни настани и фестивали кои сѐ уште не се објавени. Вреди да ги следите социјалните медиуми на МКЦ или да ја посетите веб-страницата http://www.visitskopje.mk/ каде што ќе ги најдете најновите вести. Во Скопје сè уште постојат многу работи кои чекаат да бидат откриени, па подобро е да ги искусите пред да станат врвна туристичка дестинација.

 

Но, ако сте уморни од градот и барате место за да избегате од топлото време и гужвите, само погледнете наоколу. Скопје е опкружено со убави планини. Од секој агол на градот можете да ги забележите Милениумскиот Крст и планината Водно.Може да се искачуватедо врвот или да ја користите жичарата, а како резултат на тоа ќе добиете прекрасен градски пејзаж и поглед кон планините.Директно од Водно може да се оди до кањонот Матка, кој се наоѓа на реката Треска. Тука може да се најдат десетици пештери, од кои најпопуларна е Врело, веројатно најдлабоката подводна пештера во светот. За да стигнете до ова место можете да користите кајак или брод.Ако трагате по духовно искуство, следете ги патеките и ќе ги најдете манастирите Св. Андреј и Св. Никола Шишовски. Ако сакате да мудадете енергија на вашето тело, посетете го СПА-центарот со термоминерална вода во Катланово, кој се наоѓана само 25 км од Скопје.Откако ќе се релаксирате, сигурни сме дека ќе бидете подготвени да ,,растурите” на журкитениз градот.

 

Автор: Паулина Голебиовска

преведе: Маја Крилевска

 

 

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: