Светско првенство во фудбал 2018

2018-FIFA-World-Cup-Groups-List

Во периодот кој ни следува погледите ќе бидат насочени кон најважната споредна работа на светот, а тоа е 21. светско фудбалско првенство кое за првпат ќе се одржи во Русија од 14 јуни до 15јули. Ова ќе биде првото светско првенство кое се одржува во Европа од првенството во 2006 година во Германија, а исто така биде прво првенство кое се одржува во Источна Европа воопшто но и прво кое се одржува во земја чија територија е на два континента. Сепак сите натпревари ќе се одиграат на стадиони кои се наоѓаат во европскиот дел на Русија со цел да се одржи времето на патување. На првенството ќе земат учество 32 национални тимови од кои 31 својот пласман го обезбедија преку квалификациски натпревари, и Русија како домаќин на првенството и истите ќе бидат поделени во 8 групи, а ќе се одиграат вкупно 64 натпревари на 12 локации лоцирани во 11 градови.. Големото финале ќе се одржи на 15 јули во Москва на добро познатиот стадион “Лужники”.

20171127-The18-Luzhniki-Stadium.png

Интересно е да се напомене дека вкупно 20 нации повторно ќе земат учество на првенството по претходното во 2014 година вклучувајќи го и бранителот на титулата Германија. Исто така Исланд и Панама за првпат ќе се појават на првенството откако изборија пласман во квалификациите, а воедно се и најмалите земји по бројот на жители. Меѓу националните тимови кои се враќаат после подолго отсуство се: Египет, враќајќи се после 28 годишно отсуство од нивниот последен настап во 1990 година, Мароко кој последен пат се натпреваруваше во 1998 година, Перу се враќа после 36 годишно отсуство односно од 1982 годинаи Сенегал кој ќе се појави по втор пат по првенството во 2002 година каде што се пласираше во четврт-финалето. За првпат три нордиски земји (Данска, Исланд и Шведска) и четири арапски држави (Египет, Мароко, Саудиска Арабија и Тунис) заедно ќе земат учество на едно светско првенство. Значајни земји кои не успеаа да се квалификуваат се:четирикратните шампиони Италија (за првпат по 1958 година) и трикратните финалисти Холандија. Исто така освојувачите на Африканскиот куп на нации во 2017 Камерун, и Чиле кои се двократен освојувач на Копа Америка и победник во купот на нации во 2017 година не се пласираа на првенството. Меѓу нив како освојувачи на купови се Нов Зеланд и Соединетите Американски држави, како и Гана и Брегот на Слоновата Коска кои ја прекинуваат серијата од три настапи едноподруго.

FIFA-World-Cup-2018-Mascot-Name.jpg

На почетокот беше предложено првенството да се одржи во 13 градови и тоа: Калининград, Казан, Краснодар, Москва, Нижни Новгород, Ростов на Дон, Санкт Петербург, Самара, Саранск, Сочи, Волгоград, Јарослав и Екатеринбург со вкупно 16 стадиони. Подоцна бројот се намали на 11 градови и 12 стадиони со што беа исфрлени Краснодар и Јарослав, а изградбата на два стадиони беше откажана. Три од постоечките стадиони (Лужники, Екатеринбург и Сочи) беа реновирани, а останатите 9 се новоизградени. За изградбата и реновирањето беа потрошени околу 10 билиони евра. Најмногу ќе се користат “Лужники” во Москва и стадионот во Санкт Петербург со по 7 натпревари на секој од нив. Сочи, Казан, Нижни Новгород и Самара ќе бидат домаќини на по 6 натпревари вклучувајќи и по едно четврт-финале. На стадионите “Откритија” во Москва и Ростов на Дон, ќе се одиграат по 5 натпревари,  а во Волгоград, Калининград, Екатеринбург и Саранск по 4 натпревари. Официјалната маскота на првенството е “Забивака” што во превод би значело“оној кој постигнува, погодува или поентира”. Претставува антропоморфен волк со маичка на која пишува “РУСИЈА 2018”. Маичката и шорцевите на маскотата се во комбинација од бела, сина и црвена боја што ги симболизира боите на руското знаме и рускиот тим. За крај ни останува да уживаме во првенството и да се надеваме дека ке ни донесе многу возбуда, сензација и одлична игра.

Милан Ѓапиќ

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: