Македонски

Мрежа на младински банки – Македонија

Мрежата на младински банки – Македонија е неформалнa мрежа на граѓански организации која има за цел да застапува создавање услови за што поголема младинска вработеност преку моделот на младински банки. Моделот на младински банки предвидува создавање на младински фондови кои ќе вклучуваат средства од општините, граѓанскиот и бизнис секторот, наменети за финансирање локални иницијативи и проекти на неформални групи и млади.

Мрежата е основана во декември 2017 од страна на ЦЕФЕ Битола, Младински совет Прилеп, Порака Нова од Струга, Младински сојуз – Крушево, предводени од Асоцијацијата за едукација Млади инфо Интернационал кои и впрочем заседаваат со мрежата, притоа користејќи го знаењето и искуството на Мозаик Фондација од Босна и Херцеговина. Денес Мрежата на младински банки – Македонија брои 13 членки меѓу кои и новите осум членки: Мултикултура, Младите можат, Волонтерски Центар Скопје, Иннова Лаб- Битола, Здружение на граѓани Интеркултура, Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија, ЛАГ АгроЛидер, Платформа за зајакнување на младите – Гостивар.

Мрежата на младински банки во овој состав ќе делува во 4 региони во Македонија (Скопски, Полошки, Југозападен и Пелагонија), со цел да се воспостави новиот и иновативен модел во Македонија кој ќе треба да донесе клучни промени во младинското вработување. Преку овој модел, не само што младите ќе бидат тие кои ќе поднесат иницијативи за нивната заедница, туку и тие ќе располагаат со средствата и токму младите ќе одлучуваат каков тип на проекти да се поддржат. На овој начин, младите учат претприемнички  и вештини за вработување (препознавање на проблем, пристап кон барање решенија, градење партнерства, пишување проектна апликација, менаџирање проект, комуникација со медиуми), но и животни вештини (работа во тим, стекнување самодоверба, иницијативност, иновативност, грижа за заедницата, солидарност).

Проектот Мрежа на младински банки – Македонија е поддржан од УСАИД во рамки на проектот за граѓанско учество.

ВЦС Тим

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s