Ерасмус+

Дали ЕВС може да ти го промени животот?

Поминаа веќе осум месеци од моето ЕВС патување во Пула, Хрватска. Волонтирање во хрватската младинска организација “ЗУМ”.

Зашто воопшто се одлучив на ваков чекор? Зашто го одбрав овој проект, град, држава?

28191027_566934346973648_2068710039_nДозволете накратко да ви ја раскажам мојата приказна. Моето име е Ивана Слезенковска, по струка дипломиран професор по историја, голем патриот и човек кој навистина ја обожава својата татковина. Приврзана за моето семејство и моето Скопје. Сега сигурно се прашувате како профил на ваков човек решил да живее и волонтира во друга држава. Навистина едноставно.. заборавив да кажам дека сакам предизвици!

Волонтирање во организацијата ЗУМ беше вистински повик за мене. Оваа организација како примарна цел и дејност вклучува информирање на младите за сите можности кои им стојат на располагање и нивно интегриање во локалното општество. Откако го прочитав проектот и задачите на волонотерот веднаш знаев дека тоа е навистина за мене! Работа со млади, не постои подобар проект за дипломиран професор. На тој начин сметав дека ќе го надополнам моето искуство и навистина тоа се случи. Во текот на овие осум месеци имав можност од прва рака да се запознам со младината во Хрватска, одосно во Истарската жупанија чие главно средиште е градот Пула. Во текот на мојот ЕВС информирав околу стоттина средношколци од осум различни училишта во Истра за можностите кои им се нудат преку Еразмус проектите. Кога сме веќе кај тоа.. Пред да дојдам на ЕВС си дадов задача да го научам хрватскиот јазик како мајчин, успеав! Не само што научив да го зборувам туку и пишував на хрватски јазик за порталот на мојата хостинг организација. Воедно се грижев за фејзбук и инстаграм страниците на ЗУМ.

Што се однесува на личниот ЕВС проект навистина бев скептична на почетокот. Не знаев што би било она кое можам јас да им го понудам на младите во Пула, а да биде интересно, забавно и интерактивно. По долго размислување се одлучив секако за Македонска културна вечер. Очекував петтнаесеттина до дваестет млади луѓе воглавно мои познаници и пријатели кои ги стекнав живеејќи во Пула. Меѓутоа набрзо мојата приказна се прошири. Дознаа локалните медиуми, весници, радио. Бев контактир33201919_609830529350696_4899971103872516096_n.jpgана од страна на најпознатиот весник во Истра за интервју, каде зборував како историчар за ситуацијата во Македонија, меѓусебниот однос на Македонија и Хрватска. Моите лични ставови, историја, волотирањето и животот во Пула. Бев гостин на три радиа. Вкупно пет емисии од кои четири за моето лично искуство како волонтер во Пула и една посебна историска емисија во која зборував и ја презентирав нашата историја во 19. и 20. век.

Да се навратам на мојата Македонска културна вечер. Околу педесеттина млади луѓе во просториите на организацијата “ЗУМ”. Бев воодушевена како и новите генерации, млади луѓе имаат позитвно мислење за нашата земја. Бев импресионирана. Достојно ја претставив Македонија за прв пат надвор од нејзините граници. Зборував на нашата историја, традиција, култура. Зборував за моето Скопје и бисерот Охрид. Зборував за спортот и музиката. Се разбира дека зборував за храна, по тоа сме и најпознати . Освен што зборував за храна посетителите имаа можност да ја дегустираат македонската пастрмајлија која ја подготвив специјално за оваа прилика. Се разбира дека имав домшен ајвар и феферони

29388539_1636905449678074_7802322741935210496_n.jpgПо успешниот личен проект, на застанав тука.. Набрзо остварив многу контакти, а мојата најголема страст  (историјата на нашата држава) беше препознаена од страна на професор од факултетот за историја во Пула кој по кратка дебата со мене ми понуди да оджам предавање како професор од Македонија пред хрватските студенти.

Тоа беше дефинитивно најдобриот ден во целиот мој ЕВС ! Бев своја на своето, по кратка пауза од седум месеци од предавање конечно се вратив на својата професија!  Студентите имаа можност да слушнат за тешкиот пат на македонците за слобода, македонската револуционерна организација, политиката на Балканските држави кон Македонија кон крајот на 19. и почетокот на 20. Век…Сигурно испуштив уште неколку работи поврзани со моето волонтирање, меѓутоа сега некоку реченици за животот надвор од работата.

Накратко ако најглавниот предизвик на ЕВС е да се вклопиш во локалната заедница, тогаш мојот ЕВС е повреќе од успешен! Секогаш истакнувам дека за мене беше полесно отколку за другите волонтери бидејќи јас го владеам хрватскиот јазик, а и нашиот менталитет со хрватскиот е навистина скоро ист! На тој начин бев во можност да создадам навистина прекрасни пријателства и да запознам фатастични луѓе. Свесна бев кога го одбирав проектот дека ќе ми биде полесно во Хрватска отколку во било која друга земја. Затоа и не размислував премногу и дефинитивно ја направив најдобрата одлука! Освен локални пријатели, секако дека се запознав со останатите ЕВС волонтери во Хрватска. Во Пула сме четири ЕВС волотери во две организации. Македонка, шпанка, естонка и босанка! Сега веќе ви е јасно дека во другиот балканец пронајов пријател за целиот живот! Го посетив секој град во Истра, импресионирана сум од убавината на овој дел од Хрватска. А Пула? Пула е совршено место за историчар! Целиот град е еден голем музеј на отворено. Арена, 28 австро-унгарски тврдини, неколку музеји… Практично во Пула го пронајдов мојот втор дом. Има вистина во она дека најдобро ќе се запознаеш себе си ако ја напуштиш твојата комфорна зона.

Спомнав дека живеам на море?  Остана уште помалку од месец од мојот ЕВС. Од една страна ќе ми биде тешко да го оставам животот кој го креирав овде, а од друга страна едвај чекам да дојдам дома. Да ги видам родителите, брат ми, пријателите.. Камени мост, ГТЦ, Градски парк, Водно!

Сепак моето срце чука само во 7/8!

Се гледаме за кратко,

Поздрав од Пула

Ивана Слезенковска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s