Ерасмус+

Младинска обука “Peers for inclusion”

Во периодот од 14-ти до 22-ри мај, 2018 година, во Арад – Романија во организација на младинската организација “Ofensiva Tinerilor”,  се одржа првата младинска обука од проектот “Peers for inclusion”, каде што Волонтерски Центар Скопје учествуваше со свои претставници Ванеса Лазарева и Кристијан Лазарев.  Покрај стандардните придобивки од тренинзите од ваков тип кои што ги поддржува програмата “Еразмус плус” (градење на интеркултурна толеранција, унапредување на личните вештини на секој еден од учесниците, работа во групи, надминување на комуникациски бариери и тн.), значајно е да се  каже и главната цел на оваа обука почесто вклучување на лицата со оштетен вид во рамки на активности на програмата Еразмус+.  Така, за време на оваа младинска обука имаше можност да се изучуваат и споделат: алатки, техники и методи за водење на работилници, во кои меѓу останатите учесници беше  присутен  учесник со оштетен вид.33052094_1562200377222618_1125169809646944256_n.jpg

Меѓутоа, младинската организација Волонтерски Центар Скопје во овој меѓународен проект, вклучувајќи ме мене  Кристијан, кој сум лице со целосно оштетен вид, покажа дека тие веќе се доволно храбри да вклучат лица со оштетен вид во своите проекти, но покажа и дека како организација вистински се определени кон отфрлање на дискриминацијата и прифаќање на принципот на инклузивно општество (еднакво општество за сите).

Првиот дел од овој проект заврши успешно за нас,  учесниците кои го претставуваа Волонтерски Центар Скопје. Имено, имавме можност да ги споделиме своите лични и животни искуства со останатите учесници и фасилитаторите на обуката и со тоа на некој начин при донесовме кон во квалитетот на самата обука. Меѓу другото, јас како претставник со оштетен вид, имав можност активно да учествувам во сите активности на проектот, бев одлично прифатен од сите останати учесници на обуката.  Најголемиот дел од нив рекоа дека практично  и со тоа е намалено чуството за предрасуда во контакт со лица со оштетен вид во нивните животи, па беа благодарни на нашата органзиација – испраќач Волонтерски Центар Скопје за тоа што го овозможи моето учество на овој проект.IMG_20180518_115843.jpg

Како што дел од учесниците изјавија на оваа обука тоа им овозможи да поминат 7 дена заедно со  лице со оштетен вид  и да научат што тој може и каков е начинот на неговиот живот, а осознавајќи го тоа да ја променат и својата перцепција за лицата со оштетен вид во нивната околина.Но не само личниот контакт со слепо лице, многу од активностите беа организирани со цел да им овозможат на самите учесници да почуствуваат како е да си лице со оштетен вид. На пример, се организираше прошетка низ градот каде учесниците имаа превез на очите , за да добијат чувство за различните препреки со кои секојдневно се среќаваат лицата со оштетен вид. Секојдневните вежби од кои се раѓаа идеи за подостапно опшество ги охрабри да размислуваат на промени кои тие би можеле да ги направат во својата заедница.IMG_20180519_094134.jpg

Секако целта во активностите не беше само создавање на емпатија кај учесниците, туку и нивно едуцирање за тоа како можат тие да организираат активности преку кои ќе вклучат лица со оштетен вид. Тие научија како правилно да водат лице со оштетен вид, да адаптираат текст со што би имале подеднаков пристап, како да им пристапат на лицата за кои мислат дека им е потребна помош и слично.

Кристијан Лазарев

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s