Ерасмус+

Меѓународен проект “NEETSinNEED”

Помеѓу 08-17 јуни 2018 година во Струга, Република Македонија во хотелот “Солферино” се одржа третата активност на проектот “NEETSinNEED”, кофинансирана од програмата Еразмус +.  Станува збор за тренинг курс, за развивање на компетенции пд областа на претприемништвото за млади луѓе што припаѓаат на NEED групата. Младински работници и младински лидери од 4 различни земји се сретнаа и ја прикажаа реалноста во нивните земји за младите луѓе кои не се во едукационен, тренинг ниту пак во работен однос. Со овој тренинг партиципантите го збогатија своето знаење од областа на претприемништвото, се запознаа со различните практики во земјите учесници и беа запознаени со напредни методи за работа со млади кои не се во едукација, тренинг или работен однос.

Координатор на овој проект, беше партнерот од Бугарија, Академија на успехот, а локален партнер е Младински Совет Нова Генерација од Скопје, Р. Македонија.
Останати партнери се Ауделе- Уругвај и Меѓународен центар за одржлив развој од Грција

Во период од 9 дена, преку многубројни дискусии и разлиdavчни работилници, учесниците исто така се здобија и со знаење во областа на претприемништвото и кои се клучните карактеристики за еден претприемач, како и остварија средби со локални претприемачи од Струшкиот регион од областа на замјоделството и производство на лешници.

За време на овој тренинг курс, учесниците од невладините организации го идентификуваа проблемот кој младите го имаат, дискутираа и преку неформално учење разменија искуства како да се мотивираат младите во нивните земји.

Последната активност на овој проект е семинар од 1-9 Септември, 2018, кој ќе се одржи во Катерини, Грција. Учесниците на овој семинар ќе имаат предизвик да изградат онлине платформа и сет од препораки за информирање на младите и поттикнување на истите да се вклучат во едукационен, тренинг или работен однос. IMG_20180611_184830.jpg

Categories: Ерасмус+, Македонски

Tagged as:

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s