ВЦС Теам на Д Фестивал

IMG_20180705_191425_263

Нашиот тим од ВЦС беше дел од Д Фестивал во Дојран од 06-08.07.2018 каде што имаа шанса да ги претстават Еразмус+ и нашите активности на локалното население и останатите од странство. Тоа беше одличен настан да се запознаат луѓе не само од Скопје, туку исто така и од други места од Македонија, и да разговараат за можностите што им се нудат на младите.

Всушност заклучивме дека луѓето немаат доволно информации за нивните шанси и можности за вклучување во Еразмус+ програмата. Едно од почестите прашања кои ни ги поставуваа беше колку години морам да имам за да учевствувам во програмата на Еразмус+. Старосната граница варира на секој проект, меѓутоа минималната е 13, а максималната е 30. Не мора да учите за да се вклучите во овие активности, освен ако сакате да одите на студиска посета. Исто така, треба да напоменеме дека има повеќе проекти во рамките на Еразмус+. На пример Европски Волонтерски Сервис, тоа може да биде краткорочен престој (3 месеци) или долгорочен престој (9 до 12 месеци). Пред да се одлучите да се пријавите за ЕВС, би било пожелно да имате нколку Еразмус активности зад себе, како младински размени или тренинзи, за да знаете како функционира целиот процес.

Нашиот тим имаше не само можност да ја претстави нашата мисија, туку исто така и да ги видат активностите што ги прават другите невладини организации. Имаше многу интересни активности и игри, како на пример ловење на богатство, или пак правење постер, што го направи фестивалот многу позабавен. Секој ден имаше дебати на различни теми, како на пример: дрога, инспирација, уметност и др.

IMG_20180710_134359_495

Бидејќи Светското Првенство е при крај, на фестивалот беше поставен видео бим каде можеа да се гледаат важните натпревари, а навечер се прикажуваа македоснки филмови.

Кога зборуваме за Д Фестивал, не можеме да ја одминеме музиката. На Д Фестивал имаше голема палета на изведувачи од различни жанрови, како на пример: Пол ван Дајк, Дисиплс, Архангел, Пуси Рајот, Финк, Дјук Би, Конкуеринг Лајон, Севдализа, Коала Војс и др. Концертите се оддржуваа на три сцени околу Дојран.

Се на се, фестивалот беше одличен и времето беше прилично сончево.  Енергијата на фестивалот беше на одлично ниво, и беше супер да се видат луѓе како кампуваат во шатори. Навистина беше интересно да се биде покрај езеро, бидејќи имавме шанса да избегаме во вода на овие летни горештини. Ако не успеавте да го посетите Д Фестивал оваа година, ви препорачуваме да го направите тоа наредната година.

Автор: Анн Аро

Превод: Дамјан Ѓеорѓиевски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: