Мислење

Генерациски јаз

blog2_image

Сте слушнале ли некогаш некој да каже: ехх во мое време, се знаеше порано или ахх се беше поедноставно. Целта на овие изрази е да се долови генерацискиот јаз.

Генерациски јаз претставува разлика меѓу вредностите, постапките, мислењата, моралите итн. помеѓу две или повеќе генерации. Во историјата отсекогаш постоел овој генерациски јаз, но во изминатиов век станува се поважен. Се проценува дека во 2020 год. пет генерации ќе работат заедно. Заради ова важно е да се најде начин овие генерации да работат како тим.

91500fd8-icons-generations

Генерацискиот јаз особено се забележал во шеесеттите години од минатиот век – помладата генерација наречени “бејби бумерс,, биле многу различни од постарата генерација, позната како “традиционалисти,,. Новата генерација се појавува по Втората светска војна и е значително поголема од претходните. Поради нивната многубројност и различните вредности и однесување социолозите почнале да спроведуваат истражувања со цел изнаоѓање начин за нивна интеграција. Направени се многу истражувања на оваа тема, но тешко е да се предвиди како ќе се развива проблемот. Секоја генерација се разликува се повеќе од претходната благодарение на развојот на технологијата и општествата. На пример, “бејби-бумерс”, кои израснале со радио, ставаат големо значење на аудио звукот и слушањето, додека пак, генерацијата по нив наречена “Генерација Х,, е повеќе визуелна поради популарноста на телевизијата во нивната ера. По “Генерација Х,, доаѓаат “Миленијалци,, – генерација израсната со технологија која се проценува дека ќе биде најзастапена генерација во 2019 година. Миленијалците се заљубени во интернетот и сакаат да го споделуваат своето мислење. За Миленијалците се вели дека се најпосакувана генерација, затоа што пораснале во време кога луѓето почнале да ставаат поголем акцент на студиите за самопочитување. Во 2018 година ја имаме најновата генерација наречена “Генерација Z” за кои често се вели дека се само Миленијалци на стероиди бидејќи растат опкружени со технологија. Но, постојат некои работи што сè уште не можеме да ги споредиме. Генерацијата Zе сè уште прилично млада, па како што растат и нивните вредности, дејства и мислења ќе се менуваат. Прашајте кој било миленијалец дали неговите мислења, мотивација или постапки се измениле во изминатите пет или десет години и одговорот најверојатно би бил – да. Значи, фер е да се каже дека не можеме една генерција целосно да ја обележиме според нивните вредности и постапки во предтинејџерските години. Но, тоа е поврзано со нивното однесување во годините што следуваат.

2ea7dc21380b2d64123c15854d62e6c2

Студиите велат дека личните вредности доаѓаат од нашето воспитување и од опкружувањето. Тоа е до некаде точно бидејќи за децата се вели дека се како сунѓери – ја ,,впиваат” секоја информација што ќе ја чујат и почнуваат да разликуваат добро од лошо. Па како што растат се потпираат на вредностите кои ги стекнале во детството. Но тогаш, зошто новите генерации не се однесуваат исто како нивните родители? Одговорот на ова прашање лежи во постојаната промена на опкружувањето. Луѓето треба брзо да се адаптираат на општеството кое се развива сè побрзо, а во тие случаеви децата полесно се приспособуваат затоа што сè уште немаат развиено силни морални вредности и полесно прифаќаат промени.

Има и друг аспект во поглед на менувањето на општеството – појавата на социјалните медиуми. Како што стануваат се поголем дел од животот – така луѓето развиваат повисоки очекувања. На пример многумина објавуваат слики од одмор, од успешни или среќни настани. Тоа, само по себе, дава лажна слика за животот. Некои од луѓето имаат потреба да го следат тој начин на живот, а други пак го споредуваат со сопствениот живот што вообичаено доведува до намалување на самодовербата.

1269e46702fd7d9095f25ac1401e72e5

Заклучуваме дека генерацискиот јаз е резултат на брзиот развој на општеството и различното прилагодување и справување со него. Важно е да се реши овој проблем со цел да се воспостави мирно општество, а за тоа да се добие потребно е разбирање помеѓу генерациите.

 

Автор: Анн Аро

Превод: Нина Мирчевска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s