Ерасмус+

Младинска размена Унгарија: Value our values

36264074_10210422331909360_1071612207415951360_n

Нашето највредно патување – искуство наречено” Хортобаги”

36330909_10210422332309370_3945088973621166080_n“Value Our Values” е младинска размена, организирана од невладината организација “Hang-Kep Egyesulet” од  Дебрецен,  Унгарија.  Волонтерски Центар Скопје учествуваше во младинската размена со тим составен од 5 учесници на возраст до 18 години и еден тим лидер над 18 години. Освен македонскиот тим, во оваа младинска размена учествуваа тимови уште од 4 различни држави:  Италија, Романија, Финска и Унгарија. Од секоја држава имаше по 5 учесници и 1 тим лидер на нивниот тим .

Местото на размената беше националниот парк на Хортобаги, лоциран во големата “pustza”. “Pustza” е едно од најголемите пасишта во Европа, а исто така и национален парк. Со површина од 82 000 ha, Хортобаги е вистински доказ за хармоничниот живот на флората и фауната, вклучувајки 342 видови на птици и голем број на езера . На само 35 километри од Дебрецен, Хортобаги е место каде што архитектурата и природата будат мемории од минатото и ја просветлуваат душата на сите кои го посетуваат.

Најпрво, македонскиот тим стигна во Будимпешта, главниот град на Унгарија, а потоа организаторите не превезоа до Хортобаги. Македонскиот тим беше првиот тим што пристигна во куќата каде се одвиваше размената. Следниот ден, една по една групите почнаа да пристигнуваат се до доцните вечерни часови. Уште првиот ден сите имаа добри впечатоци од селото. Вториот ден го започнавме со доручек и утрински игри – energizers и други активности како игри за меѓусебно запознавање. Крајот на денот беше во знакот на унгарските танци и песни и превкусна вечера. Вечерта ги гледавме преубавите ѕвезди на небото над Хортобаги.  17.06.2018 беше денот предвиден за македонските игри и активности. Го започнавме денот со неколку energizer-и. Откако завршивме со игрите, активностите продолжија во Паркот на птиците во Хортобаги. После ручекот македонскиот тим организираше прскање со вода за учесниците. Вечерта приготвивме традиционална вечера: мусака и шопска салата, а исто така направивме мала презентација за нашата земја и Волонтерски Центар Скопје. Македонскиот тим ги заврши активностите со вкусување на македонски производи од страна на учесниците. Гласниот аплауз на крајот на денот беше најголемата награда за вложениот труд на нашиот тим изведувајќи ги предвидените игри и активности. Следниот ден имавме волонтерски активности во паркот за птици во Хортобаги, каде што помагавме поделени во неколку групи.

20.06.2018  имавме прекрасна истражувачка екскурзија во Дебрецен. Едно од најголемите изненадувања беше возењето во кочија во пустата каде што ја истражувавме природата и гледавме шоу со коњи и учевме за традицииите на Хортобаги. Исто така имавме работилница со билки во која научивме нови работи за природата и билките, а денот го завршивме со работилница за изработка на глинени садови и прекрасна традиционлна унгарска вечера. Возењето на велосипеди и посетата на паркот на животните беа само мал ден од извонредните активности вклучени во распоредот на размената. Сите бевме воодушени од прекрасната природа, звуците на птиците, мирисот на цветовите и растенијата во Хортобаги.

Пред да заврши размената имавме некои интересни активности како ловење богатство во чамец со тајни мисии и работилница за рачни изработки.

Последниот ден во Хортобаги  истовремено беше интересен, забавен но и тажен. Моравме да се збогуваме еден со друг. Вечерта ги гледавме ѕвездите наредни покрај огнот и јадевме вкусна скара приготвена од романскиот тим.

36280464_10210422332229368_3727406626466955264_n

Веднаш по завршувањето на размената нашиот тим замина во нова авантура наречена – Будимпешта. Првиот ден го поминавме заедно со нашите пријатели од Италија. Времето во Будимпешта минуваше брзо. Секако, кога секоја минута од времето е исполнета со момент за паметење помеѓу старите ѕидини, градската врева, звуците на неистражените предели и знаменитости. На крајот на денот, сите среќни но, по малку и уморни, а истовремено тажни што нашето патување е сведено кон крајот, се упативме кон аеродромот.

Му се заблагодаруваме на Волонтерски Центар Скопје за ова прекрасно искуство и сите нови пријатели кои ги стекнавме во текот на размената.

 

Маја Стевановска

Давид Стоилоковски

Ева Наумовска

Емил Ибраими

Васил Петрушев

Александра Атанасовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s