Здраво, јас сум Јоринде, 20 годишна од Антверпен во Белгија. Имам разни хоби како лидер во Chiro (младинско движање) или посета на часови во училиште за пеење веќе 3 години. Навистина е забавно и научив многу. Земам часови од музичките жанрови џез и поп пеење. Во Chiro движењето работам со деца помеѓу 6 и 18 години, поделени во групи според возраста: првата група се ribels, 6 и 7-годишна возраст, втората е клубот за игра (8 и 9 години) и третата група се rakwi, tito, keti I aspi. Навистина е пријатно да се биде активен во работата со нив, да се креира и игра во просториите на движењето и во паркот. Во моето слободно време за уживање сакам да цртам и да излегувам со пријателите. Во Скопје сум само 3 дена и она што го видов од градот е навистина интересно и прекрасно. Се надевам дека и на крајот од ова доживување ќе имам прекрасни спомени.
Здраво, моето име е Јана Вилемс од Белгија. Имам 19 години и од Антверп сум. Имам 2 кучиња, француски булдози. Навистина ги сакам животните. Нивните имиња се Лило и Стич. Сакам да одам на шопинг па така мојот гардеробер е премал за целата моја облека па така некогаш одам само на разгледување, само да видам што има и да пробам без да купувам нешто бидејќи имам премногу. Исто така сакам да запознавам и излегувам со пријатели. Понекогаш излегувам во ноќни клубови и сакам да танцувам но сакам и да си поспијам.Имам реума на зглобовите и не можам да вршам напорна работа затоа волонтирам и учествувам во форум театар. Театарот е за луѓе што живееле или живеат во институции па така им даваме право на глас да зборуваат за минатото и нивните права како млади личности. Исто така правиме работилници за супервизори за младинска грижа како би ја унапредиле истата. Креираме кратки сцени за некоја ситуација од нашето минато што не завршиле баш најдобро и потоа ја прашуваме публиката како би ја поправиле ситуацијата ако се стават во улога на гланиот лик. Настапуваме за училишта, институции, супервизори и млади луѓе. Така им даваме можност на луѓето да се изразат и да застанат зад своите права.
Денес е понеделник иако пристигнав во петок и веќе видов многу убави места во Скопје. Научив понешто за историјата и градбите овде. Ја избрав Македонија бидејќи во Белгија не знаеме многу за Македонија и сакам да ја истражам културата и храната и мислам дека ова е одлична прилика за мене да се биде волонтер овде. Сакам да научам повеќе работи за земјата и Волонтерскиот Центар Скопје. Сигурна сум дека ќе успеам во тоа бидејќи ќе бидам овде наредните 3 недели.
Здраво, јас сум Фархијо Либан Фара. Имам 18 години и живеам во Белгија во Леувен (Диест). Имам 6 сестри и двајца браќа. Јас сум друштвена личност, во мојата последна година на училиште за хуманистички науки. Моите хоби се атлетика, забавување и дружење со пријателите. Јас сум лидер во КЛЈ што претставува младинско движење. Исто така сум ангажирана и за мониторинг на игралишта за време на летото. Ова го работам веќе 3 години. Ова лето ја добив и дипломата за аниматор. Оваа година поминав 2 недели на игралиштата и навистина е интересно бидејќи запознаваш луѓе и ги среќаваш пријателите кои веќе се таму и ги забавуваат децата. Сега сум во Скопје, Македонија на волонтерска работа, пристигнав во петокот. Го избрав ова бидејќи верувам дека е интересно искуство да се доживее. Скопје е убав град со убави обележја. Македонија е земја со пријателски настроени луѓе и навистина е ефтино овде.
Девојки…ви посакуваме да имате прекрасен престој во Скопје!
Leave a Reply