Ерасмус+

Младинска размена “I want to be a volunteer!”

35077656_2480566181969297_6963781702250397696_n

Се започна откако Волонтерски Центар Скопје ни испрати потврден мејл дека сме примени на проект во Словенија, Велење со наслов „ I want to be a volunteer+“ како се наближуваше датумот за тргнување кон Словенија така исчекувањето и нетрпеливоста за проектот се зголемуваа. Проектот се одржуваше во период од 4-13.06.2018 година.На проектот учествуваа 42 учесници од седум земји: Словенија, Македонија, Италија, Шпанија, Србија, Грузија, Азербеџан на  возраст  од 17-30 години.

Овој проект имаше цел дискутирање за потребите на опшеството за повеќе  волонтери. Беше важно  како да го  пронајдеме   својот потенцијал и мотивацијата  за да бидеме волонтери, како волонтирањето може да ни помогне нам  и на нашето општество со помош на неформални интерактивни методи .Во овој проект  беше вклучена  и дводневна волонтерска работа .Ние  љубопитно се вклучивме  а за време на  извршувањето на работата  сфативме и  донесовме заклучок колку волонтирањето може навистина да ни помогне да се чувствуваме  задоволни од себе си а и  другите да се чуствуваат подобро.

Првиот ден од волонтирањето бевме во дом за стари лица. Ги однесовме на прошетка низ градот а  чуството што не обземаше  додека ги гледавме нивните насмеани лица не се опишува. Воедно, работевме во училиште за деца со пречки во развојот. Го направивме  нивниот свет пошарен и поубав кога  изработивме неколку шаблони за најразлични детски игри и на тој начин придонесовме за нивната среќа.

35151709_2480566195302629_66603415068737536_n

Една група  отиде  на фарма чиј сопственик  беше сам, со артритис и беспомошен. Членовите на групата беа  задолжени  околу средување на дворот и ѓубрето.  И покрај тешката работа на крајот од денот на нашето и на неговото лице имаше огромна насмевка која покажува за големината и улогата  на волонтерството. За време на целиот проект но особено овие два дена научивме многу работи. Научивме како само едно добро дело може да донесе насмевка на лицето на некој човек и колку всушност волонтирањето  е значајно и благодарно. Можеби не сме платени за се што правиме на Еразмус плус проектитите но  чуството кое го чуствуваме во срцето  беше бесценето убаво.  Преку забавни илустрации ги  прикажавме дефинициите и што всушност значат „8  Key competences“, научивме како се пишува Youthpass и како би ни помогнал во иднина.

Освен тоа имавме задача да ги презентираме нашите идни волонтерски проекти во нашите земји.Секако работилниците, игрите и забавата беа главните активности  во овие два дена. Овој проект  ни помогна да создадеме ново пријателство со другите учесници во проектот. Без разлика на култура, религија, традиција , јазикот на кој се изразуваме и далечината бевме и ќе бидеме тука еден за друг во секој момент. За овие два дена научивме да не ги вреднуваме луѓето  според материјалното  туку според големината на срцето.

                                                                                                                                        Јована Насева

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s