Uncategorized

Патувањата и јадењето одат заедно- така ја запознавате културата на другите народи

Кога посетувате нови и непознати земји, консумирањето на нивните традиционални специјалитети е лесен начин да ја запознаете нивната култура и традиција. Не се вели попусто дека патувањата и јадењето одат заедно. Еве неколку интересни земји во кои можете да уживате во вкусни јадења и деликатеси.

Тајланд – со местоположба на крстопат помеѓу Кина, Индија и Океанија, Тајланд поседува уникатна храна и кујна што ги комбинира најдобрите работи од овие три земји и култури. Лукот и чили пиперките се двете најчести состојки во тајландските јадења. Застапени се и сокот од зелен лимон, коријандерот и лимонската трева, што се заслужни за карактеристичниот вкус на нивната кујна.

Грција- како нивни соседи сме имале можност честопати да ја вкусиме грчката храна. Нивната кујна е позната насекаде низ светот, бидејќи нуди вкусни јадења од маслинки, па сè до свеж октопод или лигњи. Посетителите уживаат во свежо печен леб, румени домати или свежа риба, чијшто вкус не е прикриен од силни ароми и зачини.

 

 

Кина – кинеската кујна го следи правилото на јин и јанг, што значи се потпира на баланс и хармонија. Во превод, во секојдневното мени кај Кинезите се среќаваат „ладни“ јадења, како овошје и зеленчук, наспрема „топлите“ зачини и месото. Освен ориз, многу често ги консумираат и нивните традиционални тестенини (noodles).

Франција – французите се познати по различни прехранбени производи како сирење, шампањ, полжави и багет. Зависно од различната клима и географска положба, секој регион во Франција е значаен по различни специјалитети. Ручекот се смета за главно јадење во денот, а може да биде составен и од шест различни порции!

 

 

Шпанија –шафран, ким и медени слатки се главните зачини и вкусови во различните региони на Шпанија, вклучувајќи ја и Каталонија, чијшто главен град е Барселона. Каталонија е позната по мешањето на состојките и по сосовите со морски плодови и месо. Вечерата е главниот оброк, но добро е да знаете дека никогаш не почнува пред 21 часот

Мексико – под влијание на шпанската, француската и африканската култура, мексиканската кујна ги смета пченката и гравот за две особено важни состојки во подготвувањето на дневните оброци и оброците за прослави. Енчиладата, кесадилјата и такото се најпознатите традиционални јадења на оваа земја.

Индонезија и Малезија – индонезиската и малезиската кујна биле под големо влијание на кинеските, португалските и индиските колонизатори и трговци кои пренесувале зачини и кулинарски тајни и рецепти од земја во земја. Оризот го има во изобилство поради плодните скалести оризови полиња. Иако јадењата се мешавина од различни групи на производи и зачини, сепак при јадењето можете да уживате во секој вкус поединечно.

Патувајте и уживајте во јадењето. Тоа е чекор до добро здравје, љубов и спомени.И така до 100 -та.

Превземено од: Културно.мк
http://kulturno.mk/2018/08/12/patuvanjata-i-jadenjeto-odat-zaedno-taka-ja-zapoznavate-kulturata-na-drugite-narodi/

Categories: Uncategorized

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s