Култура

време за свадба

wedding-2794695_960_720

Отворете ги очите и погледнете наоколу, ќе видите луѓе во убава облека, ќе ја слушнете музиката во позадина и сите околу вас играат во необични движења. Некој ви нуди вотка, послугата носи уште една тура јадење, веќе сте изморени но знаете дека нема да одите да спиете до зори. Полека, се наоѓате на Полска свадба.

Летото е одлично време да се направи свадба. Можете да очекувате многу покани за Јуни, Август, Септември, Октомври, бидејќи во полскиот јазик овие месеци ја содржат буквата „Р“. Луѓето веруваат дека ако ја направите свадбата во еден од овие месеци, тогаш ќе бидете среќни целиот живот. Ако сте личност која има над 16 години, очекувајте покана за со партнер/ка. Иако немате партнер/ка, убаво е да понесете пријател/ка со себе на свадбата. Инаку, ќе бидете опкружени со парови, и тие би ве гледале со малку жалење, а постарите жени би прашувале дали би живееле доволно долго да играат на вашата свадба. Но, читајте ги поканите внимателно, бидејќи можеби сте поканети само за церемонијата во црква, а не и за прославата.

Типичната Полска свадба трае 2 дена, понекгаш и 3 во зависност од регионот и како се договорени брачните партнери. Вториот ден, е наречен “poprawiny”, штосепреведувакакопосле-журка, а третиот ден нема адекватен превод. За секој ден, бројот на поканети гости е се помал. Во некои делови во Полска, свадбата започнува еден ден порано, кога гостите одат кај невестата дома за да го скршат стаклото. Морате да понесете стари чинии, или тегли кои може да ги скрши невестата. Поентата е таа да смете што повеќе стакло од подот за да има повеќе среќа во иднина.

Повеќето од свадбените церемонии се оддржуваат во цркви, бидејќи Полска е земја со многу католичко население. Пред да одат во црква, партнерите мора да добијат благослов од двата родители. Обично, тие кленуваат пред своите родители, а родителите прават знак на крст и кажуваат благослов. Тоа е навистина важен момент за семејствата. Церемонијата во црква не трае многу време, а после тоа е време да се кажат некои убави желби за невестата и младоженецот, и исто така да им дадете поклон, што во денешно време би значело пари.

Ако сте поканети на забавата, треба веднаш да одите на местото, бидејќи е традиција гостите да бидат таму пред младоженецот и невестата. Кога партнерите пристигнуваат, тие се пречекани традиционално со леб и сол. Симболично е, бидејќи лебот претставува знак на ситост, а солта на животни предизвици. Исто така, младенците ја имаат првата здравица заедно. На младенците им се дадени две чаши, едната со вотка, другата со вода, а тие не знаат која чаша содржи што. По некоја традиција, оној кој ја добил чашата со вотка, тој партнер ќе биде подоминантен во бракот. После тоа, младенците мораат да ги фрлат чашите. Тоа е знак на среќа.

20150530-180422-MG1634-e1478093249893

Бидете гладни кога доаѓате на Полска свадба, бидејќиколичината на храна која ја сервираат на Полските савдби е неограничена. Пробајте да јадете колку што можете, бидејќи најверојатно ќе пиете многу вотка. За да не завршите на земја, пробајте да држите баланс меѓу јадењето и пиењето. Обично, 4 или 5 топли закуски се послужуваат за време на венчавката, а исто така може да очекувате и многу салати, слатки, овошје и ср. Менито се составува во договор со младенците, но не смее да се испуштат традиционалните Полски јадења, на пример: Борш, Брот, Пиероги, Зелка на пареа… Но, во Полска нема свадба без вотка или некаков вид алкохол. Има алкохол за сите, а ако нема доволно алкохол, тоа би било срамно за фамилиите на младенците. Нема многу здравици,освен на почетокот на свадбата, а ако слушнете некој кој вика „горко, горко“, тогаш е време за здравица, а младенците треба да се бакнат. Тоа е само да се направи една уава атмосфера. После јадење е време за играње. Бидете подготвени да слушате многу Полски песни, понекогаш и кич, ама после неколку чаши вотка ќе го почувствувате ритамот. Кога наидува полноќ, гостите треба да се спремат за традиционални моменти, како на пример откривање на превезот од невестата. Тоа се нарекува „oczepiny” и ја претставува транзицијата од девојка во мома. Денес, скоро и никој не ја почитува оваа традиција, освен тоа што се фрла превезот и младоженецот ја фрла својата вратоврска или лептир машна. За време на свадбата, обично една личност ги води игрите. Кога сакате да заиграте со невестата или младоженецот, ќе мора да ставите пари во една кутија специјализирана само за тоа, но треба да има и сведок. Некои од игрите може да бидат глупави или малку сексуални. И цела ноќ ќе се забавувате така, игарјќи, пеејќи, танцувајќи…

Ако некогаш имате шанса да одите на Полска свадба, не се двоумете. Тоа е забава која ќе ја паметите до крајот на вашиот живот.

Paulina Golebiowska

Translator: Damjan Georgievski

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s