Репортажа

Автостоп – спој на слобода, авантура и пријателство

IMG_0548

Патување со автостоп? И мојот одговор беше нема шасни, пред да се впуштам во таква авантура.

Голем број луѓе кога ќе слушнат за автостопирање помислуваат на нешто негативно, опасно ако се патува сам, а уште поопасно ако девојка патува на овој начин.

Автостопот е еден вид чувство. Кога возачот ќе застане имате момент кога треба  да одлучите дали ќе се возите или не. Во тие неколку секунди треба да го процените возачот (дали е млад, стар, сам…) неколку критериуми пред да се согласите да ве пренесе. Одлуката полесно се носи кога патувате со пријател.

Патувањето со автостоп се базира на претчуствата и прашањата што ви се јавуваат кога донесувате одлука. Оној што стопира “одговара” на овие прашаања пред да се качи во возилото, а оној кој одлучил да пренесе автостопери – во моментот кога решава дали да застане или не.

IMG_20160827_125146

Едно време не ми паѓаше на памет да патувам со автостоп. Нкогаш немав ни застанато јас, самата да пренесам некој што стопира. Автостопирањето не е патување без план, напротив, целото патување треба да биде однапред испланирано. Треба да ги знаете сите градови во кои сакате да застанете. Но, не се обесхрабрувајте ако не оди се по планот, сепак станува збор за автостоп. Бидејки никогаш не може да знаете со какви ситуации ќе се соочите плановите треба да бидат флексибилни – баш ова ќе направи авантуристичко патување од автостопот.

Експериментирање со луѓе – така јас би го дефинирала автостопирањето; одличен начин да запознаете добри луѓе (ако имате среќа како јас и другарка ми). Ќе имате можност да се соочите со некои ситуации кои никогаш не би се случиле во секојдневието. Може да се случи да се возите во автомобил за транспорт на риби, да поминувате граница пеш со пасошот во рака, да патувате на едно седиште со огромниот ранец на скут, да преноќите на празна автобуска станица… или едноставно да ви понудат храна , да имате помош при купувањето автобуски карти или при пронаоѓање место за спиење….

Со автостопто ќе ги согледате добрите страни кај луѓето. Можам да кажам дека дури го менува и начинот на кој ги гледате лугето. Да се разбереме, нема сите луѓе да се добри. Некогаш имате среќа, а некогаш среќата не е на ваша страна. Она што треба да го запамтите – секогаш бидете внимателни.

Патувањето со автостоп носи многу двоумења и чести промени на расположението. Може да се случи да очајувате додека со саати чекате некој да застане. Или пак, многу атвтомобили ќе застанат да ве прашаат каде одите, иако немаат слободно место – навистина смешен момент. Ќе треба да одлучите дали да продолжите со чекањето или да најдете друг начин да стигнете: автобус или воз. Менувањето превозните средства ќе направи да се чувствувате како да сте дел од културата на државата во која сте. Ова е само еден од начините на кои можете да ја разоткривате државата.

pawel

Јас во никој случај немаше да патувам автостоп да не беше другарка ми. Воопшто не се каам, споделивме незаборавни сеќавања. Важен дел од автостопирањето е откривањето дали и колку си одговарате со партнерот. Учите многу еден за друг и цело време сте заедно – па затоа одберете некој кој ви одговара.

Според мене, најдобар начин за патување автостоп е во пар. Има многу причини кои ќе ви помогнат да го изберете овој начин на патување: заштедувате пари, запознавате нови луѓе, споделувате неверојатни моменти со вашиот партнер, откривате нови места на различен начин…

Се надевам ве убедив дека автостопот всушност е добра идеја за оние кои сакаат и постојано трагаат по авантура.

 

Превод: Nina Mirchevska

Автор: Аида Атхмани

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s