Uncategorized

Земјата каде сите си имаат некоја своја добра вила

autumn-fall-forest-4700Кога збоуваме за различни држави и националности прашањето за религија и верувања често излегува на површина. Перцепцијата на странците за Естонија е најчесто дека тоа е атеистичка нација, што не е далеку од вистината бидејќи Естонија е една од најатеистичките земји во светот. Но она што не го знаат е колку многу духовноста игра улога во животот на естонците. На пример за Новогодишната ноќ Естонците имаат ТВ емисии каде астролозите и гатачите предвидуваат што носи иднината. Од 2010-2017 имаше радио емисија наречена „Здраво Космос“ воглавном фокусирана на вселената, натприродното, езотерично, фолклор, духовност, псеудо-наука и теории на заговор. Навистина звучи смешно за многумина но навистина е така. Овој начин на размислување не е ништо ново за Естонија. Ако прочитате за митологијата на земјата ќе видите дека има многу приказни за вили, духови, вештерки и сл.

За да видите каде љубовта кон природата започнува треба да побарате во историјата и верувањата пренесувани од генерација на генерација. Еден од најлесните начини е да погледнете во митологијата на земјата.

Но што е митологијата? Разумска личност ќе рече дека е резултат на глупости и фантазија. Официјално објаснување е дека е збирка на митови, посебно од оние кои се дела од религиозни или културни традиции.

IMG_20180703_104045_171Сепак нема доволно информации за естонската митологија бидејќи народот не ги зачувал визиите се до 19 век. Најголемиот дел доаѓа од историските записи и патешествијата на патниците. И бидејќи најстариот познат лик на Естонците е Марахвас би било изненадување дека земјата има повеќе духовни корени. Пред христијанството Естонците повеќе биле привлечени од анималистички религии како Тараизмот. Тараизмот е начин на верување во Земјата или „Maausk“ како го нарекуваат. Гланиот Бог е Тарапита. Постои мислење дека Тарапита доаѓа од скандинавскиот бог Тор. Тарапита или Тара има многу имиња во „Maausk“ па често може да биде нарекуван по природните елементи или Мајката Земја (Маема). Мајката Земја е онаа со најповеќе љубов и грижа.Во реалноста се покажува дека Земјата сите наши потреби: храна, засолниште, убавина, возбуди итн. Поради тоа постојат работи што не би требало никој да ги прави на Земјата, на пр. Луѓето не би требало да и наштетат на Земјата со ножеви и други остри предмети. Ако го правите тоа го повредувате срцето на Мајката Земја.

Постојат многу слични изреки воглавном за да ја заштитат природата. Освен работите што не треба да ги правите постојат и ритуали што треба да ги правите. Една од најпознатите прослави е прославата сред лето или денот на Свети Јован(St. John`s Day), кој всушност е ритуал. Луѓето одат трипати околу огнот и нудат различна храна или предмети на огнот. Ова било правено од различни побуди но генерално да се обезбеди стоката и жетвата од година во година. Денес луѓето најчесто го прескокнуваат огнот или седнуваат покрај него. Меѓутоа самата прослава е сеуште значајна во естонската култура.

Maausk (Земјата) вели дека има духовна димензија во сето тоа и дека таа самата може да се манифестира во повеќе различни форми. На пр. може да биде Бог, дух, нашата добра вила и не постои јасна разлика меѓу нив. Боговите се опишани како некои со видлива форма и други забележителни карактеристики. Во Земјата луѓето имаат слобода да препознаат богови и други духовни суштества како природни сили или добри вили. Тие можат да им се обратат на нив во молитва или едноставен разговор но може исто така само да го почувствуваат присуството.

Прилично е интересно како вербата во природата опстојала низ долги периоди од различни страни владетели и религии. Додека модерните религии како Христијанството имало тешки периоди да го задржи влијанието во Естонија, Евро-барометарот анкетата од 2010 година  открива дека само 18% од луѓето во Естонија веруваат во Бог, додека 50% изјавиле дека веруваат во некоја духовна сила, а 29% ги отфрлаат и двете.

Често се вели дека Естонците се нација која не бара одобрување од некоја виша сила туку само го бараат мирот на сопствениот ум. Ако отидете во книжарница во Естонија може да најдете голем избор од езотерија и духовни книги, а има и посебни продавници само за кристали.bench-cascade-creek-355321

Секоја нација си има своја митологија и на некој чуден начин таа покажува што луѓето вреднуваат или во што веруваат. Исто така митовите можат да ви ги покажат и односите што нациите ги имале со другите држави низ вековите. На пример има многу скандинавско и балтичко влијание во естонската митологија. Поради тие причини е интересно да се навлезе во тоа. Исто така многу од овие верувања сеуште останале кај луѓето па така познавајќи ја позадината на нацијата помага да ги разбереме подобро.

Categories: Uncategorized

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s