Годишниот политички, музички фестивал предводен од младите, Yo!Fest, своето десетто издание го одржа во Стразбур, Франција помеѓу 1-ви и 2-ри јуни. Третиот Европски младински настан, EYE2018, зближи околу 8.000 млади вклучени во над 400 активности, дебати, изведби и работилници.
Над 50 националности од сите членки на ЕУ, влучувајќи учесници од Азија, Африка и други делови од Европа кои беа во Стразбур за Европскиот младински настан #EYE2018 имаа можност да дискутираат за прашања од голема важност и преку дискусијата да ги разменат своите интеркултурни искуства и примери.
Илјадници млади луѓе имаа можност да ги кажат своите грижи и да ги споделат проблемите кои што им значат со донесувачите на одлуки. На отворањето на настанот, претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, им се обрати на младите и одговори на сите нивни прашања поврзани со иднината на младите, ЕУ и на светот.
Во неформалниот дел од настанот се одржаа работилници на најразлични теми во кои учесниците исто така имаа можност да учествуваат и да го споделат своето знаење.
Младите ги споделија своите идеи со луѓе ширум цела Европа, меѓусебно учејќи и земајќи активно учество во градење на силна и разнолика Европа преку дебатите кои беа сконцентрирани на 5 теми: Young and old: Во тек со дигиталната револуција, Rich and poor: Фер поделба, Apart and together: Работејќи заедно за посилна Европа, Safe and dangerous: Преживувајќи во турбулентни времиња, and Local and global: Заштитувајќи ја нашата планета.
Настанот беше придружен со два дена од YOFest на кои преку богатата музичка програма беше прославен младинскиот дух.
Овој настан им овозможи на многу млади ширум Европа и Светот нивниот глас да биде чуен. Присутните имаа можност да се запознаат, да ги сплотат своите идеи и заедно да дискутираат за прашања од огромна важност за нивната иднина.
Со ранец полн со нови пријатели од целиот свет, добро чувство и свежа инспирација, учесниците од EYE2018 и Yo!Fest се вратија дома, подготвени да излезат, да ги вклучат другите и да ја споделат пораката на заедништво и разноликост знаејќи дека нивните гласови ќе бидат клучниот фактор во формирањето на иднината на Европа.
Yo!Fest низ призмата на учесниците
Ејми, 19 -Ирска Запознав многу пријатели со кои разговарав на различни теми. Навистина пријатна атмосфера во два пријатни дена.
Винсент, 19 – Франција
Ова е мојот прв пат на Yo!Fest. Времето што го поминувам тука е супер бидејќи запознавам многу пријатели со различни позадини со кои што можам да зборувам на различни јазици. Тоа е прекрасно!
Ева, 20 – Бугарија
Кога доаѓав бев прилично исплашена и не знаев што да очекувам, бидејќи ова е прв пат да дојдам на ваков настан. Но, потоа запознав многу нови пријатели, зборувавме многу и навистина ми се допадна. Супер е!
Мелиса, Франција
Ми се допаѓа овој настан бидејќи има толку многу луѓе кои што зборуваат различни јазици. Па, така, можеме да зборуваме на Англиски, Германски, Француски. Вистинска интеркултурна Европа!
Андреа, Македонија
Мислам дека е одличен настан, особено за луѓе кои што не се многу запознаени со младинска работа и со младински организации. Одличен настан за информирање за се што се случува околу Европа, за различните активности и иницијативи.
The journey – Што ако јас бев мигрант
Играта “The journey” беше исто така дел од годинешниот Yo!Fest. Неодамна, Eurodesk Network ја награди оваа игра а турската асоцијација автор на истата, System & Generation, им овозможи на сите учесници на фестивалот да учествуваат во играта.
„ Идејата се појави уште во 2015 година, кога нашиот тим сфати дека мигрантската криза расте и дека ни требаат повеќе луѓе кои ќе информираат за истата. Напишавме проект за создавање на игра која ќе ја подигне свеста за миграциските непогодби во Европа“ – изјавува тимот на System & Generation.
Кога ќе започнете да ја играте оваа игра вие сте мигрант. Се ставате себе си во чевлите на мигрантите и извршувате одредени задачи. Задачите произлегуваат од различните карти со испишани пречки кои се користат во играта, вие морате да го завршите она што е напишано на картата. Играта се одвива во Истанбул. Па, така, вашата задача е да одите низ различни соседства од градот и да извршувате одредени заачи. Понекогаш треба да платите пари, понекогаш се сретнувате со други луѓе. Добивате информации и ја избегнувате полицијата. Станува збор за една навистина стратегиска игра која што треба однапред да ја испланирате, со што навистина ве става во чевлите на мигрантите.
„Кога ја играте оваа игра вие самите станувате мигрант. Значи бараме од обични, млади луѓе да се стават во чевлите на мигрантите и да ги разберат нивните тешкотии, секако, тие се сретнуваат и со некои поволности за време на нивното патување“ – изјавува тимот на System & Generation.
Организацијата беше навистина задоволна од одзивот што го доби на фестивалот.
„На Yo!Fest имавме доста голем одзив на нашата игра. Младите беа навистина заинтересирани за играта и се трудеа да ја разберат без да бараат од нас да им ја објасниме.
Ангела Рајчевска
Leave a Reply