Ерасмус+

Македонија е во Европа! Ние сме Европа!

38085487_2041496642580496_1161050662222430208_nВо период од 24.07 – 04.08 Волонтерски Центар Скопје заедно со неговите претставници: Шезо, Ева, Ангела, Филип, Марија, Јован придружувани од тим лидерот: Јована Насева беа дел од проект финансиран од Еразмус плус програмата за млади на Европска унија, а организиран од партнер организацијата: „ Jungend Sozialwerk Nordhausen e.V“ од Германија каде учествуваа млади од 13 до 17 години од: Италија, Шпанија и Латвија. Проектот беше насловен „We are EUrope” и имаше за цел да спои млади луѓе со помали можности кои немаат лесна достапност до вакви меѓународни проекти.

Пред почетокот на проектот во нашата организација „Волонтерски Центар Скопје“ имавме неколку подготвителни состаноци со цел за време на проектот и на нашиот престој во Германија  да се покажеме во најдобро светло. На овие состаноци беше поминат секој ден посебно за тоа што и како ќе се одвива и како ние треба да бидеме спремни со цел да бидеме активни на работилниците што ќе се одржуваат. Истотака подетално беа поминати деновите на кои требаше ние да организираме работилница со цел тоа да биде интересно но истовремено и многу поучно.

38126921_2041496845913809_165793039070003200_n

За време на престојот во Германија и на тие десет неверојатни дена младите научија многу нови работи за Европа и Европска Унија. Како ние, младите како индивидуи можеме да придонесеме за посилна Европска Унија. Истотака за тоа колку е важно нашето учество во истата и нашиот придонес.  Научија како работи Европската Унија и како ја одржуваат истата со сите разлики и сличности на државите во неа. Како и тоа дека за изградба на Европската Унија е потребно меѓусебно разбирање и заедничка поддршка и колку младите се потребни за таа да биде посилна и поцврстa. Младите воочија колку е тешко да се дебатира на теми како: ,,Миграција” и ,,Вето”, кои имаат свои преднсти и недостатоци бидејќи иако се теми за кои сите имаат некои предзнаења тешко е тие да се искажат во најдобро можно светло со цел да биде вистинска реална  дебата. На оваа размена учесниците научија како Македонија која не е членка во Европска Унија е вклучена во сите дејствија и придонесува за прогрес на истата.

За време на проектот се правеше Action bound, тоа е апликација во која има слики, видеа, квизови и информации во врска со секој ден од проектот и како се одвиваа работилниците и што тие научија од нив. На осмиот ден учесниците со заеднички сили организираа забава каде што сите учесници беа поделени на групи и секој имаше своја задача: една група беше задолжена за пијалок, друга за храна, за музика, имаше група која беа организатори на целиот настан, имаше и декоратори. Истотака на забавата имаше двајца модератори: еден кој зборуваше на англиски јазик, а другиот на германски. На забавата како гости присуствуваа луѓе надвор од проектот кои што се запознаа со целата работа што се одвиваше за тие осум дена, се запознаа со песната „Stars„  која се пееше  секој ден пред работилниците, беше објаснет Action bound. На таа забава се објасни и сложувалката од кутии на која го имаше знамето на Европската Унија која што учесниците сами го изработија. Им се објаснија и зборовите и речениците на други јазици кои тие за време на проектот ги научија.

За време на неформалното образование учесниците се стекнуваа повеќе знаење за Европската унија и Европа, а во меѓувреме се запознаваа и се зближуваа со другите учесници од другите земји. Како поминуваа деновите така тие стануваа се поблиски и работеа сите во еден тим.

38188556_2041497079247119_1813102572647481344_n

Еве што кажаа нашите учесниците за целиот проект и нивното искуство таму:

– „Проектот се на се беше одличен и јас, лично си поминав супер. Се учеа многу нови работи кои што можат многу да ни користат во животот, преку игри и предавања. Дружбата пак беше инзвонредна, многу е убаво кога сите сме еднакви без разлика на своите мани и доблести. Повторно ќе учествувам на ваков проект во Романија и знам дека ќе си поминам одлично.“ – Јован Ц.

– „Секој проект е ново искуство и не гради како личности, запознаваме нови луѓе, култури и создаваме спомени кои секогаш ќе останат во нас.“ – Ева Н.

– „Животот и времето ни се најдобрите учители, животот не учи како да го користиме времето и така моето време, поминато  на овој проект беше големо искуство. Запознав прекрасни луѓе со нивните различни култури, традиции и обичаи, што ми помогна да се доизградам како личност. Секако повторно би сакала да ги сретнам и да се дружам со луѓето кои ги запознав и многу би била среќна ако и понатака учествувам во други вакви или слични проекти“ – Марија А.

– „Оваа размена за мене остави многу впечатоци и нова перспектива во која Македонија е интегрирана во Европа и Европска Унија. Нашиот тим ја претстави својата татковина беспрекорно и воедно беше голем дел од забавата на проектот. Лично јас запознав луѓе кои ме оставија со чувства и мисли како никои претходно а и добив шанса да видам поединци кои веќе ги познавав во ново поинакво светло“ – Шезо И.

– „Неповторливо искуство кое што ми ја смени перцепцијата кон други култури, а и Европа како целина. Незаборавна лекција за светот околу мене и пред се авантура“ – Филип С.

Последниот ден беше ден за разделба. Потпишувајќи се на белите маици за сеќавање на новите пријатели и делејќи си поклони со надеж дека ќе останат во контакт. Оставајќи сеќавања  и пријателства кои никогаш нема да бидат заборавени и се е полесно кога знаеш дека некаде таму низ Европа имаш пријатели кои во секое време можеш да ги исконтактираш. И останува надежта дека повторно ќе се сретнеме сите заедно на некое ново место со нови предизвици, нови теми за дискусирање и дебатирање.

Јована Насева

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s