Македонски

Врснички работилници во рамки на проектот „Без расправање“

Учењето од врсниците е еден од најмоќните начини да се споделат искуства, информации и практики. Младинците од средните училишта од Гостивар, Скопје и Струга, учесници на летниот камп „ИнКоИн“ – интеркултурна комуникација и интеракција своите искуства, знаења и практики ги споделуваа со своите врсници во нивните училишта.

workshop (4)IMG_20180926_124820Караванот на врснички работилници во рамки на проектот „Без расправање“ започна во Струга, во средното училиште „Д-р Ибрахим Темо“ со нашите домаќини, учесници на Летниот камп, одржан од 1-7 август во Центар Солферино. Учениците својата работилница ја отвори ја со енерџајзер за запознавање, продолживме со презентација на проектот и следните активности кои ќе бидат преземени во рамки на проектот. Понатака продолживме со најинтересната активност на младинците на летниот камп, Албатрос култура. Мултикултурната работилница беше мултилингвистичка исто така. Учениците при средното училиште, имаа прилика за момент да се преселат во државата „Без расправање“ во градот „ИнКоИн“ во кој успешно се запознаа со значајноста на интеркултурната комуникација и интеракција. Интересен факт кој го забележавме во текот на работилницата беше подготвеноста на младите да соработуваат и да стапат во интеракција со нивните врсници со различна културна позадина, како и врзувањето на културата со начинот на живот.

Караванот од градот на спокојот и езерската шир се пресели во главниот, пренаселен и гласен главен град на татковината, Скопје. Волонтерски Центар Скопје во соработка со СПЕГУС Васил Антевски Дрен, и поддршка од учениците учесници на летниот камп ИнКоИн, одржаа врсничка работилница со нивните сооученици. Нашите потомции имаа можност преку разгледници на градот на Летниот камп да споделат дел од карактеристиките на својата култура и истите да ги споделат со своите врсници од различна културна заедница. Овој пат на врсничките работилници се запознавме со руската и кинеската култура. Интеркултурна интеракција направивме преку претставување на самите себе преку движење.

Градот на гостите, градот на топлиот ветер и изворот на живот, Гостивар го пречека караванот. Врсничките работилници, угостени во ОСТУ „Гостивар“ од страна на учесниците на летниот камп во Струга. Интеркултурната врсничка работилница започна со меѓусебно запознавње на учениците, учесници на работилницата преку претставување и кажување на своето омилено јадење. Барометар, беше активноста од летниот камп кои младинците ја пренесоа на своите врсници. Импонирачки беше фактот што учениците имаа аргументирана дебата, културата ја идентификуваа главно преку религијата, како и нивната поделба беше базирана на согласувањето односно несогласувањта по однос на доста контраверзините прашања на македонското општество како што се: легализација на хомосексуалните бракови, дали ги одобруваат интеркултурните бракови, абортусот, легализацијата на марихуаната и слични прашања. Аргуменитраната дебата, особено импонира реализација на идни проекти кои ќе ги обработуваат прашањата на религиски диверзитет, толеранција, и прифаќање.

Севкупно Летниот камп беше дисеминиран преку врснички работилници со повеќе од 100 малдинци од Гостивар, Скопје и Струга со различна културна позадина.

Проектот „Без расправање“ финансиски е поддржан од ФООМ, а реализиран од ВЦС.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s