Комуникацијата двигател на општествениот прогрес

Untitled-1 copy

Untitled-1copyЧовекот од самиот почеток на своето битисување имал потреба од изнаоѓање на начин за заедничко разбирање со своите сожители со цел полесно да ги задоволува своите егзистенцијалн и потреби . Потребата за полесно и навремно задоволување на неопходните потреби за живот го довеле човекот до степен на евалуациски развој во кој се артикулираат гласови, извици и фрази за полесно да разберат што сакаат да кажат. Така се појавува и јазикот, како средство преку коe се разбирале луѓето. Комуницирањето и кохабитирањето секако не се сведувало само на јазикот, луѓето користеле и мимики, знаци, гестикулации за полесно меѓусебно разбирање. Комуникацијата, како дел од човековото постоење, е двигател на општесвениот прогес до ден денешен. Коминикацијата се доразвива, односно се разгледува од повеќе аспекти, така еден аспект на комуникацијата е и интеркултурната комуникација.

Државите, не настанале сами по себе, напротив, тие се конструкција од територија, население и власт. Населението на секоја држава е хетерогено. Населението на Македонија како држава е составено од повеќе етникуми, односно култури. Целиот животен век на Македонија е одбележан со мултикултурен елемент кој, во суштина е најцврстиот темел на кој е поставена државата.
Со цел темелите да се одржуваат и да се надоградува мултикултурниот живот во Македонија, потребно ни е активно одржување и негување на интеркултурната комуникација и интеракција. Волонтерски Центар Скопје, финансикси поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија, верувајќи во вредностите и значајноста на интеркултурната комуникација и интеракција како двигател на општествениот прогрес реализираат 6 месечен проект „Без расправање„.

ssaf copyПрва активност во рамки на проектот беше Летниот камп ИнКоИн – Интеркултурна Комуникација и Интеракција одржан во Солферино, Струга. Целта на летниот камп беше на едно место да собере тинејџери од различни култури, со различно социјално, економско и културно потекло, од Гостивар, Струга и Скопје. Учесниците на кампот имаа можност да ги надоградат своите знаења за интеркултурната комуникација а најголемиот дел од нив тука за прв пат да се запознаат со концетот на интеркултурна комуникација и интеракција. Предизвиците, особено, излегувањето од комфорната зона ги направи учесниците посвесни за придобивките од интеркултурната комуникација и интеракција. Оосбено задовoлство е да работиш со младите, и во моментот на раскрстување на нивните животни одлуки да им се покажат можностите и
алтернативите.

Младите стружани, гостиварчани и скопјани се дружеаа и споделува животни искуства и ситуации. Неформалните активности во текот на свежите вечери покрај езерото ги сплотија македонците, албанците, турците, ромите, власите и србите во дискусии, игрии и активности преку кои ги воочија заедничките предизвици во општеството кои, наметнувајќи други артифицијални предизвици од лидерите на заедниците се запоставуваат. Дел од активностите во кои беа вклучени ентузијастичните и жедни за нови знаења млади беа и: онлајн курсеви за комуникација, емпатија и издржливост, албатрос културата, мочуриште, боење на камења со културен мотив, правење колаж од различни материјали.
Читајќи ги писмата кои младинците ги напишаа на почетокот на Летниот камп и крајните евалуации кои ги направи ја вие нема да забележите почеток и крај на еден развој, напротив се забележува резерва и страв што ќе се случи на летниот камп и како ќе кохабитираат 5 дена со личности „различни“ од нив кои ги запознаваат за прв пат.

dМоментот на евалуација осветлува развиток, но не и завршен процес на подговеност за целосно заедничко кохабитирање туку на подговеност за интеркултурна комуникација и интеракција. На моменти сеуште се забележуват соменжи и отворен простор за понатмошно согледување на одвивањата па да се продолжи со зголемена интеркултурна интеракција. На нашиот блог, и фб страницита ќе најдете тестемонијали со искуствата на овие младинци, сепак треба да бидете во нивни чевли за да ги почуствувате подемите, падовите, стравовите и наградите. Проектот „Без расправње“ секако не завшрува со оставени приказни на пола, со отворени сомнежи во главчињата на нашата иднина. Продолжуваме понатака, и им овозможуваме на нивните врсници, да почуствуваат дел од придобивките на летниот камп преку врснички работилници кои ќе се одржат во нивните училишта, отвараме ѕид на културата во нивните училишта, дозволуваме преку изложба на изработените материјали подлабоко да се запознаат со сличностите и разликите на културите кои жеваат во нивното непосредно соседство и ги споделуваат училиштните клупи. На крај, нивниот труд ќе биде овековечен во сликововница за културни разлики кои ќе ја споделуваат со своите потомци. Младите се како необработен дијамант, треба малку да го допрете со раце и ќе заблеска!

Вафире Мухареми

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: