Форум театар е еден вид театар создаден од иновативниот и влијателен практичар Аугусто Боал, една од техниките во рамки на Театарот на угнетените (Theatre of the Oppressed (TO)). Ова се однесува на ангажманот на гледачите кои влијаат и се ангажираат во изведбата како гледачи и актери, наречени “спектар-актери”, со моќ да го запрат и променат перформансот. Како дел од ТО, прашањата што се опфатени во Форум театарот се често поврзани со социјална правда, со цел да се истражат решенија за угнетените вклучени во перформансите.
Волонтерски Центар Скопје во соработка со ОСТУ „Гостивар“, денес изведе форум театар во холот на училиштето. Форум театрот е дел од актвиностите на проектот „Без расправање“ финансиран од страна на ФООМ.
Учениците при ОСТУ „Гостивар“ организираа Форум театр на кој прикажаа дек недостатокот на комуникцаија ги спречува да изградат мост, преку кој ќе може да ја преминат реката и да дојдат на другата страна на селото. Публиката, најпрво реагираше преку помалку толерантни дејствија како истото може да биде разрешено, за на крај да заклучат дека соодветното решение е комуникацијаат меѓу културите и нивната понатамошна интеракција преку која успеаа да го изградат мостот.
Форум театрот беше проследен од повеќе од 70 ученици припадници на различни културни заедници кои кохабитираат во грдаот Гостивар.
На крајот на форум театарот присутните имаа прилика да поразговараат со изведувачите на театрот и да ги произнесат своите ставови.
Автор: Вафире Мухареми