Македонски

Не за расизмот. Засекогаш!

matteo-paganelli-754453-unsplash

Photo by Matteo Paganelli on Unsplash

Расизмот може да го објасниме како гледна точка на поединец или група која смета дека расата е примарна детерминанта од човечки особини и капацитети и дека расните разлики продуцираат својствена супериорност на одредена раса. На планетава Земја има луѓе со различна боја на кожата, луѓе од различни држави со различна националност, луѓе кои се христијани, муслимани, будисти, евреи, но во душата сите овие луѓе имаат иста замисла – да бидат среќни, сакани, да имаат свој дом и семејство. Значи без разлика на нашиот изглед, вероисповед или националност, сите се стремиме кон иста цел.

Во историјата многу пати се случувало и да се започне војна само поради тоа што луѓето не се прифаќале меѓу себе како нација, раса или по вероисповед. Но, како што имало конфликти во светот, имало и многубројни добронамерни луѓе кои сакале се тоа да се спречи и да има мир во светот. Еден од нив е добро познатиот афроамерикански баптистички свештеник Мартин Лутер Кинг. Допрел до многу срца кога самостојно се изјаснил со својот легендарен говор на маршот до Вашингтон за работа и слобода во 1963 кажувајќи: ,,Јас имам сон дека еден ден малите црни момчиња и девојчиња, баш таму во Алабама ќе можат да се држат за рака со малите бели момчиња и девојчиња како браќа и сестри.’’ и ,,Јас имам сон дека моите четири деца еден ден ќе живеат во нација кадешто нема да им се суди според бојата на кожата туку според содржината на нивниот карактер’’. Тој на своите 35 години на 14 Октомври 1964 година ја добил Нобеловата награда за мир со што ја освоил титулата за најмлад добитник на таа награда. Но за жал, на 4 април 1968 година на денот кога Кинг се подготвувал да предводи марш во знак на поддршка на синдикатот на санитетските работници од Мемфис, му бил извршен атентат од страна на Џејмс Ерл Реј.

images

Верувале или не, доколку во светот нема повеќе дискриминација помеѓу луѓето многу проблеми едноставно ќе исчезнат бидејќи нема да се мразат помеѓу себе и можат да се соединат за да воспостават мир во светот. Секој човек си има свое мислење, оформено на овој или на оној начин. Процесот на промена на мислењето, како и оние верувања кои човекот ги има не се случува преку ноќ, ниту пак може да се случи со едноставно посочување дека не треба да се има такво мислење. Тој процес си следува единствено под влијание на свеста на граѓанинот Ако има желба човек да се промени ќе го направи тоа. Гледам иднина каде луѓето ќе се сакаат меѓу себе и ќе се ценат за тоа што навистина се, бидејќи секој човек во себе крие богатство и вреди да биде сакан.

Ирина Галевска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s