На Европско првенство преку Лига на Нации

ball-football-game-39562

Значи ова е тоа ново натпреварување преку кое може Македонија да оди на Европско првенство и тоа во фудбал. Лигата на Нации на УЕФА е биенално натпреварување кое ќе се одржува во годините кога нема Европско и Светско првенство кое има за цел давање шанса на ,,помалите” репрезентации шанса за квалификација на Европското првенсто, како и замена на пријателските натпревари во ФИФА календарот. Накратко за форматот, има четири лиги, А, Б, Ц и Д (Македонија е во Д) во кои има четири групи со по 3 или 4 репрезентации. Победникот на Лигата на Нации се определува на завршен турнир, натпреварување кое ќе ги стави еден против друг победниците на четирите групи во систем на полуфинале и финале. Исто така има и систем на испаѓање врз основа на резултите во групата, односно репрезентацијата која завршила последна во групата оди во лигата подолу и секако систем на квалификација, репрезентацијата која победила го групата оди во лигата погоре.

cheering-crowd-event-17598

Да преминеме на она што Македонија најмногу ја засега, можноста да се квалификуваме на едно Европско првенство во фудбал. Македонија е дел од лигата Д (во која лига припаѓа репрезентацијата се одредува врз основа на коефициентот во УЕФА). Натпреварите по групи се одвиваат по систем дома – гости и ќе се играат до крајот на ноември 2018 година, и одржување на полуфиналето и финалето во летото 2019 година. Доколку Македонија биде прва во својата група, во јуни ќе игра на завршениот турнир каде што ако успее да победи во финалето ќе има загарантирано место на Европското првенство. Преку Лигата на Нации се обезбедуваат четири места на Европското првенсто, останатите дваесет се обезбедуваат преку квалификацискиот формат што функционираше и досега. Доколку некоја репрезентација обезбеди пласман преку квалификациите и преку Лигата на Нации, местото на Европското првенство го добива следната најдобра репрезентација по ранг во Лигата на Нации.

action-aerial-athletes-1171084

Дали Македонија има навистина шанси да игра на Европското првенство во 2020 година? Репрезентацијата изгледа сосема солидно, секако со можност и за големо подобрување, селекторот и федерацијата изгледаат како да ги подржуваат играчите и она што е најважно луѓето, публиката гледа некаква надеж во оваа генерација. Притисокот и треба да се чувстува, Македонија според играчи и ранг е една од подобрите репрезентации во оваа лига Д и сега останува на фудбалерите да се кренат и исполнат своите и очекувањата на публиката. Македонија има шанси за прв пат да игра на едно големо натпреварување и време е таа шанса да се искористи.

Андреј Наумовски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: