Ерасмус+

ЛЕТНА ПРИКАЗНА ОД САРДИНИЈА

PhSard (37)

Знаев однапред каде одам и со кого ќе работам…Сардинија беше веројатно моето најдобро искуство досега. Остров кој е толку див и предизвикувачки но сепак пријателски и опуштени луѓе. Некои од најчудесните изгрејсонца и бескрајни залези можеа да се видат овде што привлекува многу луѓе од цела Европа. Карпести планини и морето од спротивната страна создаваат совршен контраст доколку не можеш да се одлучиш што повеќе сакаш.

И се разбира, нашите домаќини, Мине Ваганти асоцијацијата, вредни и секогаш ангажирани како тим, секогаш со извонредни идеи и решенија, едни од најдобрите партнери за соработка на мојот Волонтерски Центар Скопје.

Тренингот што требаше да започне беше логично и очекувано продолжение, втор дел од проект во два дела што обедини учесници од Шпанија, Италија, Македонија, Србија, Косово и Албанија за агро-туристичко претприемништво, во совршена средина да се видат најдобрите практични примери и да се слушне за локалните успешни приказни на оваа тема.

Sard (14)

И сеуште се свежи сеќавањата од мојот последен престој таму како и моето омилено знаме на Сардинија кое гордо стои на мојот ФБ профил од тоа време. Се укажуваше на едно неверојатно доживување и сосема нови вештини да се научат па дури и превозот со автобус што го одбравме да стигнеме таму, патувајќи низ неколку земји претставуваше предизвик сам за себе, повик на авантура, тим билдинг и културни посети. Започнавме од Македонија продолжувајќи го патувањето низ Србија, Хрватска, потоа Словенија и конечно Италија. Споделувавме се што еден тим може да сподели: храната и пијалоците, приказните и искуствата, насмевките и најдобрите искуства. Се качивме на ноќниот поморски брод што се обраќаше од копното до Сардинија каде пристигнавме рано наутро, токму навреме за волшебното изгрејсонце над Golfo Aranci пристаништето па потоа посета на градот Олбија, на денот на пристигнување пред официјалноиот почеток на активностите.

Нашето место на престој Porto Conte како и нашето сместување беа повеќе од очекуваното: мало селце покрај брегот и плажата каде потоа изведувавме утринска Јога и протегнување, во куќата на Стефано и неговото семејство, многу познат лик од Сардинија кој поминал 95 земји низ светот на неговиот велосипед. А за работилниците што ги одржавме ни беше доделен простор во локалниот музеј за флора и фауна. Во следните седум дена работевме напорно во таква средина со различни националности за да дојдеме до извонредни идеи за претприемништво, креирање на бизнис план, вмрежување и презентации зајакнувајќи ги нашите вештини и здобивајќи се со нови, како што беше и очекувано. И се разбира, не заборававме да уживаме и да се забавуваме во текот на работата, со прошетки, истражувајќи ја околината и пробувајќи ги локалните специјалитети приготвени за нас од нашиот домаќин Стефано. Ние практично бевме таму надвор во дивина, со секојдневни блиски средби со диви магариња и диви свињи на кои тука им беше природното живеалиште. Само да се спомене и посетата и оцена на работата што ја извршувавме на Capo Caccia, едно од најпознатите места за набљудување на неверојатниот залез на Сонцето, кое чиниш трае бескрајно.

S1 (1)

Со подршката на одличниот логистички тим на нашите домаќини ја извршивме секоја задача што си ја поставивме пред нас што се однесува до тренингот но исто така добивме и значајни насоки кој пат да го избереме за враќање назад дома и што е вредно да се види и посети. Места како Porto Ferro, Castelsardo, Porto Cervo, Porto Pollo и други на нашиот пат навистина беа нешто што мораше да се посети. И ноќната поморска линија не врати назад на италијанското копно на денот на заминувањето. И посета на Ливорно и регионот на Тоскана пред да го фатиме патот за дома. Моите пријатели и тимски колеги беа импресионирани од целокупното доживување што Сардинија ни го овозможи. Тие сите имаат приказни за раскажување, искуства за споделување. А за мене тоа беше уште едно брилијатно поглавје од веројатно најпрекрасното место во моето срце што некогаш сум го посетил. И го оставам ете така, отворено, зошто знам дека пак ќе се навратам тука. Тоа е мојата прекрасна Сардинија.

Sard (66)

Горан Галабов

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s