Земјата на илјадници езера и 3 милиони сауни

„Каков тип на кафе пиете во Финска?”

„Кафе”

„Да, меѓутоа какво? Дали е лате, капучино или макијато?”

Само кафе. Финска е една од државите кои најмногу конзумираат кафе. Дури и во време на нашето детство, вежбаме со празни чаши во делот за игра во нашите дворови, заедно со имагинарни колачиња, но во вистинско друштво со нашите пријатели. Кога ќе пораснеме, ќе го пробаме за прв пат и дури и да не ни се допаѓа, почнуваме да го конзумираме, секаков тип, од светло до темно филтер кафе.

lake-panorama

Покрај тоа, за мене, првото нешто кое ме потсетува на мојот дом се сауните, летните куќички и еднаквоста. За луѓе кои не потекнуваат од Финска, првото нешто на кое им текнува кога помислуваат на Финска би било можеби Нокиа, ладното време, Кими Раиконен, метал музика… И ние навистина ги имаме сите тие работи. Едно кратко навраќање низ последните 101 години како самостојна држава, дом на 5.4 милиони луѓе:

tuomiokirkkowinter helsinki2Се движиш низ преубавиот главен град на Финска, центарот на Хелсинки, на убаво сончево попладне. Веќе е средина на лето па можеш да прошеташ во кратки пантолони и маица на кратки ракави бидејќи температурата е 25 степени. Убави топли ветришта си поигруваат со твојата коса додека поминуваш покрај стари камени згради, гледаш како возачите ги почитуваат правилата за возење и поставените брзини за движење со автомобил, па кога светлата ќе светнат зелено, ти безбедно поминуваш дури и доколку твоите очи се фокусирани на мобилинот телефон. Може да биде чудно како луѓето се движат толку брзо иако не брзаат никаде, како сите се движат на соодветна дистанца еден од друг и како зборуваат само кога има нешто да се каже. И тогаш се запознаваш со првиот пријател во Финска, ,,сопствениот простор‘’.  Кога излегуваш со твоите пријатели обично е доволно да се каже само ,,Здраво‘‘ (Moi) и да одите на пиво или на добро изладен Cider во некој бар подолу на улицата. Ако е многу рано или ако имаш пауза за ручек после пладне, подобар избор е топло кафе или чај.

Јавниот транспорт секогаш се движи. Можеш да одбереш метро, автобус, воз или градски велосипед, се може да се искористи со еден билет. Но нема врска, кога живееш во Хелсинки, можеш лесно да го пронајдеш патот до морето, природата, заштитените паркови, шуми и да уживаш во чист воздух или да одиш во центарот на градот и да ги видиш сите музеи, отворени пазари… Дури и во центарот можеш да ги понесеш своите ладни пијалоци, храна за пикник и да отидеш во градскиот парк со твоите пријатели, каде што продолжува ноќниот живот во Хелсинки. Кога часовникот ќе покаже полноќ ќе го видиш целиот град во различно светло, има музика, разговори, играње, запознавање на нови пријатели, гушкање и смеење. Потоа се запознаваш со друг пријател, алкохолот. Културата на алкохолни пијалоци не зближува сите.

forrestcottageКога е средина на денот во Јуни можеш да го видиш финскиот народ како ги товари своите автомобили и вози неколку часови до летните викендички, каде поминуваат долг викенд со своите пријатели и семејството. Еден начин на гледање е дека најубавиот начин да го поминеш своето слободно време во лето е таму, обично без струја, проточна вода или други удобности. Ќе ја спремиш својата храна на скара, можеби на логорски оган. Ќе имаш огромен избор на месо, чаден лосос, салати, зеленчук на скара и секогаш свеж компир. Тој компир може дури и да е од твојата земја, доколку имаш среќа. Уживаш во своите пијалоци играјќи фински игри, од кои една е наречена mölkky. Има една изрека која вика дека Финска е држава на илјадници езера и обично можеш да очекуваш да се стоплиш во една од сауните приквечер и да истрчаш до едно од тие езера и уживаш во зајдисонцето. Таму малку ќе излезеш од својата комфорт зона и ќе ја споделиш сауната гол со своите пријатели и семејство. Најстарата сауна датира од бронзената ера (1500-900 година ПНЕ) кога имало само дупка во земјата со камења. Идеата била да се затоплат камењата, да се фрлат во водата, при што пареата би ја загреала целата сауна. Отприлика така продолжиле и да се практикуваат сауните и тие денес се една од главните потреби на Финците и баш сме горди што ние сме ги измислиле. Денес одиш таму да уживаш, но во историјата се пишува дека тие се користеле кога мајките се породувале, за лечење на болни луѓе и за измивање на скоро починати луѓе.

8814424746_9e4ef1e4ae_bСауни можеш да пронајдеш скоро секаде, во станови, јавни базени, па дури и на некои работни места, но најубавите секогаш можеш да ги пронајдеш во својата летна викендица, загреани на дрва, каде што можеш да излезеш надвор од топлото (löyly) за да се изладиш, дури и кога е зима, па можеш и да се стркалаш во снегот. Ах тие зими, се сеќавам на деновите кога имаше толку многу снег, температури од -20 степени, црвени образи и тенки алишта. Тоа сега е малку променето заради климантските промени кои се случуваат глобално, но сепак сеуште можеш да го доживееш тоа чувство, посебно доколку патуваш во Лапонија. земјата на Дедо Мраз, елени, прекрасни погледи на финската природа и зимски спортови. Сеуште со радост се сеќаваме на нашата голема победа во хокеј на светското првенство во 1995 година, нашиот прв златен медал. Таа победа е запишана во нашата историја.

Дали знаеш дека во 1906 година Финска беше првата европска држава која им го даде правото на жените да гласаат? Тоа наследство мора да се почитува, посебно кога се зборува за човекови права. Еднаквоста е многу важна тема и секојдневно се подобрува како што поминуваат годините.

Како граѓанин на Финска, од првиот ден кога си роден, почнуваш да ја забележуваш еднаквоста. Финската влада им дава на мајките пакети детска облека без пари уште од 1938 година. Тие ги содржат првите важни работи за бебето како алишта и ќебиња. Растеш во дневен центар, на 7 години започнуваш да одиш во училиште каде образованието е бесплатно. Таму ги поминуваш следните 9 години од твојот живот и потоа продолжуваш во факултет, стручно училиште, универзитет без огромни студентски долгови. Секогаш имаш шанса да одбереш кој сакаш да бидеш и што сакаш да правиш во животот. Можеш да се вљубиш во кој сакаш, посебно затоа што во 2017 година Финска им даде право на брак и на истополовите парови и тоа претставува голем чекор напред за еднаквоста.

Можам да споделам еден совет доколку некој се реши да патува во оваа нордиска земја еден ден, размислувај отворено и шири ја својата насмевка кон финскиот народ, истражувај различни делови од природата, радувај се на културата каде ќе уживаш во своето време и во тишината и секогаш, ама баш секогаш, сети се да пробаш salmiakki (цврсти, солени, црни слатки) и ‘ржан леб. Доколку си доволно храбар можеш да го испробаш и финскиот стереотип: „Пиј водка во сауната, излези надвор гол и тркалај се во ладниот снег извикувајќи PERKELE.‘‘ (Perkele значи ѓавол во модерна Финска и е популарен, вулгарен збор обично се користи за овој тип на стереотипско однесување).

Селинa Ниеми

lake

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close