Кога го барав мојот ЕВС (Европски волонтерски сервис), ги разгледав сите можности за волонтирање. Ако напишете “волонтирање во странство” во Гугл, ќе најдете многу организации кои можат да ви понудат неделни / месечни волонтерски патувања во егзотични земји и земји во развој. Станува популарно да поминеш едно лето работејќи со деца или помагање на дивите животни, Обично намерите на луѓето се искрени и тие навистина сакаат да направат нешто добро за локалните заедници, но во изминатава година можеме да забележиме феномени комбинирани од туризмот и волонтерството – волонтуризам.
Пред да заминете на некоја волонтерска програма, добро е да се запрашате за етичкиот аспект на ова патување. Дали навистина ќе помогнам или ќе имам само 4/8 недели авантура? Дали тие неколку недели од волонтерството навистина имаат смисла или може да донесе штета на заедниците домаќини?
Деновиве волонтеризамот е вид на индустрија која вклучува патници кои работат во локални заедници во земјите во развој. Не мора да си дел од некоја НГО за да заминете во странство; веќе има доволно компании кои го организираат целото патување. Исто така не треба да имате работно искуство или специфично знаење поврзано со областа на волонтерството. Што се бара тогаш? Треба да го познавате англискиот јазик на комукативно ниво и да платите анвистина висока такса(до неколку илјади долари месечно) и понекогаш мора сами да ги покриете трошоците за летот. Остананите трошоци(сместување, храна) се обезбедени, но кој износ од плаќањето оди на организацијата домаќин, не е познато. Секоја година милиони луѓе го користат овој начин на патување. Најчестите проекти се за работа во сиропиталишта, фарми, часови по англиски јазик или помагање при обнова на згради. Кога станува збор за дестинација, на врвот се земјите во развој како Индија, Камбодија, Етиопија, Непал, гана, Уганда итн. Идејата за волонтерството е убава, но почнува да потсетува на бизнис, кој исто така има и некоја темна страна.
Особено волонтерството во сиропиталишта е етички сомнително.Ваквата активност е критикувана од УНИЦЕФ и Спасете Ги Децата – организации кои активно работат на правата на децата. Во извештајот направен од УНИЦЕФ, укажуваат на тоа дека во Камбодија бројот на децата оставени во сиропиталишта се зголемил за околу 75%. Она што е застрашувачко е тоа што помалку од 30% од тие деца се вистисни сирачиња. Тоа значи дека децата имаат барем еден жив родител. За жал, семесјтвата честопати манипулираат со тоа што децата ќе имаат подобри образовни шанси во сиропиталиштата обезбедени од странски волонтери. ´´Наставниците´´ често немаат никакво педагошко образование и ротацијата на волонтери може да предизвика сериозни емоционални пореметувања. Многу стручни лица обрнуваат внимание на фактот дека на децата им требаат професионални и локални воспитувачи кои ќе работат со нив долго време. Користењето на доброволци како наставници ги лишува работните шанси за локалното население и ја зголемува невработеноста. После предлогот на Обединетите нации да го модифицираат системот за грижа на сиропиталиштата и да стават поголем акцент на сурогатите семесјтва, усвојувањето и интенсивната педагошка помош во семесјтвата во многу европски земји, САД или Австралија, бројот на традиционалните сиропиталишта е значително намален.
Се случува, откако ќе бидат испратениво сиропиталште, документите да се фалсификуваат и нивниот идентитет да се менува. Подоцна, на родителите навистина им е тешко да ги најдат своите бебиња.Особено во популарните дестинации децата се третираат како туристички атракции. Дури и туристите во рамките на организирани тури можат да посетуваат и да се фотографираат со деца. Честопати оставаат донации или подароци за сопствениците на овие сиропиталишта, што е начин да заработат пари. За жал, овој феномен предизвикува финансиска злоупотреба како корупцијата. Постојат неколку извештаи коишто признаваат дека некои сиропиталишта се водат како профитабилни бизниси и добиваат профит од волонтери, како и од туристи. Сепак, животните услови во домовите за деца се уште се ниски, а основните потреби на децата не се опфатени. Непотребно е да се каже дека овие деца се во опасност од злоупотреба.
Популарноста на волонтуризмот предизвикува тоа што на брокерите за волонтирање им е тешко да ја проверат веродостојноста на домаќин организациите. Затоа треба да биде во интерес на потенцијалниот волонтер да направи точни истражувања за пронаоѓање на соодветен проект. Одење во егзотична земја е примамлива визија, но секогаш треба да размислиме дали нашите постапки нема да донесат никаква штета. Наместо да работите со деца, може да им помогнете на организациите кои се обидуваат повторно да ги поврзат децата од сиропиталиштата со своите семејства? Или да направите финансиска донација за веродостојна невладина организација? Или можеби обидете се да бидете волонтери во вашето живеалиште за да дознаете дали доброволната работа ви одговара?
Па, како можете да најдете одговорен проект? Побарајте организација што е транспарентна и има добро мислење во локалната заедница, проверете ги нивните остварувања и финансиски извештаи. Избегнувајте случајни места со негативни мислења; тие обично се туристички ориентирани. Долгорочните проекти ќе донесат повеќе стоки – прво ви треба време да се адаптирате во нова средина и ако навистина сакате да промените нешто неколку недели, можеби нема да биде доволно. Побарајте проект во кој нема да го замениte професионалниот работник, а како асистент на пример ќе донесе повеќе профит. Размислете за вашите компетенции според видот на програмата, размислете како можете да придонесете за организација и дискутирајте за ова. Не плашете се да поставувате прашања, одлуката за волонтерство треба да се изучува и да биде разумна.
Волонтирањето е убава работа и навистина може да донесе позитивно влијание врз општествата, но тоа е уште поубаво кога е свесно.
Паулина Голебиобска
Базирано на:
http://zanimpomozesz.pl/jak-wyjechac/jak-znalezc-odpowiedzialny-projekt/
http://zanimpomozesz.pl/wolonturystyka/problematyka-wolontariatow-zagranicznych/
http://zanimpomozesz.pl/wolonturystyka/mity-o-wolonturystyce/
http://zanimpomozesz.pl/praca-z-dziecmi/dzieci-beneficjenci-ofiary/
Leave a Reply