НЕЗАБОРАВНО ИСКУСТВО СО ПРЕКРАСНИ ДЕЧИЊА

Го поминав своето 10-месечно волонтирање во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари во Скопје. Таму се згрижени околу 120 деца и тинејџери од ромска националност.

 

На почетокот се разбира игледаше дека ќе биде лесно. Се беше ново: нова култура, средина, држава и нови луѓе во мојот живот. Ми беше потребно време да се прилагодам на новата средина и започнав да ги учам основите на македонскиот јазик за да можам да се разберам со дечињата. Јазичната бариера беше пречка бидејќи децата не зборуваа англиски. На почетокот за разбирање користев гестикулација и својата НАСМЕВКА. Искрената насмевка може да надмине многу бариери.

FOR COVER20181102_090259Гестикулацијата и пријателското однесување ми помогнаа да го надминам овој проблем. Кога отидов првпат во Дневниот центар бев навистина изненадена. Морав да работам и на себе и да се прилагодам на оваа целна група. Дечињата многу често се обидуваа да ме надмудрат па затоа морав да научам како да ги изберам вистинските веродостојни информации од нив. Тие потекнуваа од многу сиромашни фамилии па затоа се радував што ги гледав како доаѓаат секојдневно да добијат храна, образование (во центарот можеа да ја научат азбуката, математика, уметност и сл.) и се разбира, да играат игри.

Еден од омилените моменти за време на овие 10 месеци беше четири-дневното летно патување со децата во Охрид. Никогаш не сум ги видела толку среќни. За повеќето од нив ова беше првпат да го видат Охридското езеро. Тие не умееа да пливаат но тоа за нив не беше пречка да најдат друг начин да се забавуваат во водата. Тие уживаа на сонцето, со врелиот песок под нивните нозе и тоа ги правеше многу среќни. Кога децата се среќни и јас сум среќна. Ве уверувам дека доколку најдете храброст да се впуштите во авантурата за одење во странство нема да зажалите, ќе се вратите со желба да патувате дури уште повеќе и со многу спомени во сеќавањата. Би сакала што поскоро да се вратам во Македонија и да ги посетам повторно децата во Шутка. Овој балкански регион е навистина изненадувачки и би сакала да истражам повеќе од него.

Аида Атхмани

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close