Тренинг курс „Rural on the go: Green way“

Германија може да се пофали со фактот дека е седма по населеност во светот. Земја од која една третина е покриена со шуми и тие се одржуваат.Оваа земја може да се пофали со многу работи како и со фактот дека е многу позната по тоа што многу поети доаѓаат токму од тука. Оваа земја е втора најголема земја според потрошувачката на пиво. И доколку не сте знаеле Фантата потекнува од Германија како резултат на Втората светска војна.

43712972_278215119692134_5492986691654254592_n

Главен град на Германија е добро познатиот Берлин, кој истотака има многу работи со кои може да се пофали . Берлин има околу 1700 мостови што се повеќе на број од мостовите во Венеција и е 9 пати поголем во големина од Париз. Зоолошката градина во Берлин не само што е една од најпосетените градини во Европа но истотака и има над 18 илјади животни. Во овој град постојат повеќе музеи отколку врнежливи денови, постојат 180 музеи а само 106 врнежливи денови.  Јована Насева , Стефан Кечовски и Филип Кечовски со помош на Волонтерски центар скопје ја имавме таа можност да ја посетиме Германија и Берлин и да присуствуваме на тренинг курс “Green way” кој е дел од долгорочен проект од два тренинг курса насловени “ Rural on the go”.  Овој тренинг курс се одржуваше во Германија, Берлин во период од 07-12 Октомври. Целта на овој проект е да се запознаат младите со развојот на руралните средини, односно развојот на руралниот туризам. Преку разновидните активности и задачи заедно со учесниците од Србиja , Црна гора, Италија, Латвија, Унгарија, Германија и Албанија постигнавме резултат со кој ни беше доделено знаење и способности во секторот на агро-бизнисот. Преку локалните активности исто така се стекнавме со искуство чија насока беше да се пренесе знаењето стекнато на тренинг курсот на младите во руралните средини.

43601506_326673411432031_495504604503474176_nОвој проект се одликуваше со уникатни и интересни активности. Секое утро после доручекот кој почнуваше во раните утрински часови денот го започнуваме со „energizers“. Првиот ден имавме задача каде сите учесници беа поделени во две групи од кои едната група имаше задача да оформи бизнис идеа и да проба да ја “продаде” идеата за одредено време. Другата група имаше задача да поставува прашања во врска со бизнис идеата на групата која што ја презентираше својата креација. На крајот на активноста имавме дебата и заклучок каде што ги воочивме нашите грешки со помош на тренерите. Исто така во текот на оваа размена ја посетивме Химелбит (Himmelbeet) градината. Името во превод е градина на облаците чија што првична идеа било градината да се изгради на врвот на некоја висококатница, но подоцна заради безбедносни причини таа била пренасочена на земјена површина. Во градината се одгледуваат билки и растенија кој секој може да ги купи. Секој производ е произведен органски односно не се употребувани никакви хемикалии во нивното производство. Исто така во оваа градина граѓаните од овој град имаат можност да изнајмат дел од површината на оваа градина каде што сами ќе си садат производи.

На вториот ден од курсот беше интеркултурната ноќ, каде што сите учесници си ја претставуваа својата држава. После презентациите на државите следуваше дегустација на храната. Секоја држава имаше припремени свои традиционални јадења.Ние имавме спремено Македонски традиционални и класични специјалитети исто така и десерти. Се тоа беше проследено со нашите најпознати пијалоци. После дегустацијата на храна се забавувавме и разговаравме за интересни факти за нашите држави. Во текот на овој проект имавме можност да се запознаеме повеќе со проблемите на руралните средини и како можеме да придонесеме во промовирањето. Следниот ден имавме предавање за Еразмус плус програмата, нејзината цел и нејзиниот досегашен успех. После презентацијата имавме активност во која сите бевме поделени во неколку групи чија што задача ни беше да напишеме проект кој подоцна ќе треба да го презентираме и да бидеме оценети од комисијата. Комисијата беше сочинета од младински работници од организацијата. Последниот ден беше ден наменет за лично кажување за тоа што нас ни беше позитивно а што негативно во текот на целиот проект. Организаторите и тренерите беа многу креативни и нивната идеа за оценување беше многу уникатна. Тие поставија три садови на подот. Едниот од нив беше празен. Другите два беа полни од кој еден со вода а другиот со суви лисја. Поентата на оваа „игра“ беше за секоја добра работа на проектот да се додаде вода во празниот сад и да се се објасни што било добро на проектот. Сувите лисја ги означуваат негативните работи или работите кои би ги промениле. Секој имаше можност да го искаже своето мислење за проектот без разлика дали е позитивно или негативно.

43592757_472620459814109_2506052256881704960_nОткако секој учесник ќе завршеше со својот говор поминуваше пред сите присутни кои своите коментари ги пишуваа на мал лист хартија и ги оставаа во неговата чаша. На крајот секој имаше чаша полна со ливчиња кој беа испишани со убави зборови.На крајот на проектот имавме церемонија која беше одржана во еден од блиските традиционални ресторани каде ни беа доделени нашите сертификати.  И на крајот од проектот си отидовме со многу повеќе знаење и со многу нови пријатели. Секој се збогуваше од своите нови пријатели и го завршивме овој проект со многу нови цели во животот. Се надевам дека ќе ја имате таа можност да ја искусите можноста да отидете на некој од проектите кои навистина ги менуваат можностите и целите во животот. А доколку веќе сте биле на проект ја знаете таа убавина кога ќе се вратите дома со многу позитивни впечатоци и знаења.

Јована Насева
Стефан Кечовски
Филип Кечовски

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close