Уште од 1950 година кога е започнато масовното производство на пластика човештвото произведе 8,5 билиони тони на различни пластични производи. Чисто за споредба со животинскиот свет, еден афрички слон тежи 6 tona. Значи приближно досега имаме создадено пластика колку што тежат 1 333 333 слонови.
И каде и да заминете во светот невозможно е да сработите нешто без пластика. Овие „паметни средства“ се сокриени на места за кои дури и не помислувате. Дури и вашата (не)пластична чашка за кафе што ви ја нудат е исто така една „слатка“ лага. Да претпоставиме дека имате дрвен материјал и сакате нешто да создадете од него и што ќе ви биде потребно за тоа? Пластични и слични материјали бидејќи без различни бои, лепак и сл. продукти не можете да ја завршите работата. Ова значи дека и карбонските чаши секогаш содржат некаков вид на пластика.
Се разбира дека ова е темата на векот, каде и да отидете луѓето зборуваат за рециклирање и како мора да создадеме повеќе продукти што не се штетни за средината. Меѓутоа проблемот е во тоа што не ги согледуваме реално работите. Пластиката во суштина е ефтина, многу погодна и лесно приспособлива во секоја прилика. Се добива како спореден продукт при производството на фосилните горива и нејзината побарувачка на светско ниво е само 4% од вкупното производство на капацитетите од нафтената преработка. Проблемот се појавува кога пластичните производи ги фрламе во природа од каде практично никогаш не исчезнува. Се распаѓа на постни состојки, микро пластика, што во суштина е безопасно. Проблематична станува кога влегува во водите и се поврзува со останатите отрови. Сигурно сите сте виделе слики од животни што остануваат заробени од пластиката. Илјадници морски животни и птици умираат годишно заробени од пластиката или од проголтаната во нивниот желудник. Според една неодамнешна студија најголемиот дел од пластичен отпад доаѓа од 10 реки кои се наоѓаат во Африка и Азија. Па затоа едно од можните решенија е да се започне со управување со отпадот и контолиран проток на материјали во овие земји.
Дури и да е некој корисен продукт ние сме премногу навикнати на него. Некогаш дури и не можете да забележите некои бесмислени начини за користење на пластиката, како во северна Европа каде што и нема многу пазари за свежо овошје и зеленчук, а сепак ако купите пиперчиња на парче тие се врзани со пластична врвка. Тие си имаат своја која е доболно цврста, како бананите. Можете да купите и колачиња, а кога ќе ја отворите кутијата ќе најдете внатре уште едно пластично пакување, внатре во основното кое е од пластика. Се разбира, кога се работи за храна, за доброто на хигиената важно е да се има добро пакување иако тоа може многу да се сведе на МИНИМУМ.
Други значајни извори на пластика се транспортот и текстилната индустрија, од каде произлегува третина од проблемот. Секогаш ни е потребен нов дизајн на производот па така големо количество микро пластика доаѓа од гумите, патиштата, боите за бродови и текстилот. Исто мтака една од најжешките теми во медиумите е козметиката и како треба да се отфрли микро пластиката која се употребува за истата, што би бил значаен чекор напред. Сепак само 2% од проблемот на микро пластика во водите отпаѓа на козметиката. Иако е само капка во океанот сепак се брои.
Едно од можните решенија за овој светски проблем на рециклирање е употребата на био разградлива пластика. Изгледа човештвото е на мислење дека тоа е подобар материјал кој може да се фрли во природа бидејќи полесно се разградува. Сепак во природата не би требало да фрламе ама баш ништо. Био разградлива пластика значи пластика произведена од растителен или животински материјал но проблемот е што нејзиното производство бара поголемо количество на енергија. Згора на се, за нејзиното производство потребни се материјали од храната, што не е исплатливо само за да се произведе био пластика, што на крајот пак би се разградила на некој начин како и обичната пластика. Така да микро пластиката е повторно проблем во природата.
Па затоа следниот пат кога ќе одите да купите зеленчук на пазар имајте на ум дека можете да го спакувате во истото после мерењето. И секогаш кога ќе имате место во ранецот или торбата може да кажете НЕ на продавачите кога ќе ви понудат кеса за продуктите. Не се водите според луѓето кои фрлаат отпад било каде дури и ако е само гума за џвакање во прашање. Промените доаѓаат од поединците и вие може да се приклучите кон промената. Малите дела заедно прават разлика и само така заедно може да придонесеме за почиста околина. Но исто така не заборавајте дека пластиката не е единствениот непријател. Тоа е нашето нерециклирање на истата. Затоа немојте да ја мразите пластиката-РЕЦИКЛИРАЈТЕ ја!
Селина Ниеми
Leave a Reply