ЕВС ХЕРОИТЕ НА ДЕНЕШНИЦАТА

„Ако не ти се допаѓа каде си-ПОМРДНИ СЕ! Не си дрво!“

Тоа е само една од квотите што ми се допаѓа и е во потполност со една од целите на Еразмус+ програмата: Мобилност.

v1

Низ годините преку учество на различни проекти имав можност да ја сфатам важноста на мобилноста за протокот на информации и размената на најдобрите искуства. Луѓето остваруваат контакти, соработки, учат и се здобиваат со сосема нови вештини за светот кој постојано се менува и има се поголеми побарувања. Сепак јас верувам дека еден од најголемите предизвици кои мобилноста ги става пред нас е соочувањето со себе си. Тоа значи да се биде свесен до каде си, твојата почетна позиција, да најдеш начини да се подобриш себе си и најдоброто-до каде сакаш да стигнеш и во која насока да се движиш. Според мене се на светот функционира совршено, како што треба па сепак се усовршува, подобрува, се надградува и прилагодува на промената. Лично јас бев отсутен од дома на една година за време на војниот рок, без зона на комфорт, постојано запознавање и склопување пријателства, сам со своето расудување, учиш постојано, ги „преживуваш“ деновите како најдобро знаеш и умееш, немаш време за губење туку гледаш да го искористиш најдобро што можеш. А Европскиот Волонтерски Сервис нуди многу повеќе, оној долгорочниот, 6-12 месеци поминати во мултикултурна средина, нови луѓе, различни култури, локални обичаи и јазици што треба да се научат. Секогаш кога се изразуваме на друг јазик ние сме како други личности: преродени, начинот на размислување е сосема друг, мозокот функционира поинаку од обично, а притоа внесуваш многу повеќе свесност и труд во тоа. тоа е одличен почеток, нели? Нови личности запознаваш секојдневно, наидуваш на различни ситуации што бараат поинакви решенија.

v4Како координатор, ментор и пријател на моите ЕВС волонтери потполно сум свесен за фазите низ кои тие минуваат. Затоа и секогаш се внесувам себе си целосно, да бидам секогаш тука за нив со значајни совети и насоки кои ќе им помогнат. Овие млади луѓе кои доаѓаат и заминуваат, тие се моите ХЕРОИ НА ДЕНЕШНИЦАТА, на сосема новиот свет кој доаѓа и промените што ќе се случуваат. Тие ја имаат визијата за насоките во кои Светот ќе се движи на различни полиња од образование, глобално поврзување, технологии, пријателства. Се разбира, иако не е тоа сосема јасна визија сепак тие тоа го осознаваат, интуитивно кое секогаш постои кога сме со отворен ум. Тие можат да бидат неуспешни и 100 пати па сепак веднаш застануваат на нозе со насмевка и ентузијазам  и чекорат повторно по патот кој го избрале. На тој начин ние можеме да го менуваме светот: кога се менуваме себе си, учиме, се подобруваме, го покажуваме сопствениот пример и го споделуваме без зборови, тивко, а сепак влијаеме на туѓите животни патишта. И кога тоа доаѓа искрено, директно од срцето дури и Универзумот го прифаќа и поддржува.

Отсекогаш се восхитував на нивната храброст да се преселат, да дојдат од далечни места, а на нас овде ни изгледа како да доаѓаат од скоро крајната граница на Европа. Навистина, имам посетено некои од нивните родни места, 2-3 часа со авион од овде, некогаш и повеќе од 24 часа патување до таму. Но обидете се да се ставите во нивната ситуација: за нив Македонија е секако истото, на другата страна од географската карта. Истото се однесува и за нашите локални волонтери кои ги испраќаме во странство. Со информациите за местото на престој, активностите и контактите од таму тие ги пакуваат своите куфери и едноставно излегуваат на терен, ја прифаќаат играта со искра во нивните погледи, желни за нови знаења и да го извлечат најдоброто од нивниот волонтерски сервис.

Јас сум навистина среќен и задоволен како личност. Колку од луѓето денес имаат можност да го поминат своето време во дружба со своите херои? Работиме, се смееме и забавуваме, патуваме и заеднички учиме како да станеме подобри и спремни за она што не очекува. Влијаеме взаемно, едни на други. И никогаш не се збогуваме. Со нашите соработки, пријателства и поврзување ние го правиме секој ќош од светот како да е соседство, едноставен пристап за доаѓање. Па така никогаш не знаеш кога ќе го испиеш наредното кафе некаде во соседството и ќе зборувате за старите добри времиња, како сте биле тогаш и какви сте станале сега. А прегратките и насмевките се секогаш бесплатни.

Горан Галабов

v3

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close