Ние сме кул, ние сме волонтери

Волонтерството претставува едно од најубавите искуства кои човек може да ги доживее. Да се биде волонтер значи да се дејствува во рамките на општеството без да се очекува паричен или материјален надомест за возврат. Со цел да се подигне свеста за придобивките од волонтерството и да се поттикнат младите да превземат иницијатива беше организирана младинска размена со времетраење од 7 дена (16-22.12.2018)  во Коџаели – Турција од страна на #UnitedYouthforActiveCommunity. Учество земаа 40 учесници од 6 држави. Консортиумот го сочинуваа Македонија, Турција, Шпанија, Бугарија, Хрватска и Грција.

20181216_105707

Во рамките на #Erasmus+ проектот беа имплементирани низа на активности од различен вид користејќи ги алатките на неформалното образование. Почнувајќи со “energizers“, работа во тимови и отворени дискусии беа поентирани клучните аспекти поврзани со темата.  Се дискутираше за правата и одговорностите на волонтерот, за неговите лични, професионални и општествени придобивки, како и за неисцрпните извори на мотивација за започнување на волонтерска работа.  Се надеваме дека учеството на нашиот тим придонесе за подобрување на квалитетот на содржините на проектот, а со информациите со кои се стекнавме сме чекор понапред до правење позитивна промена во нашето општество!

Марија Танчева

Related posts

%d bloggers like this: