Веќе еден месец работам во Дневниот центар за Грижа, со локација во Шуто Оризари и досега имам многу научено. Работам со деца на возраст од 4 до 18 години и дневниот центар се труди на овие деца да им овозможи најдобра грижа, со цел тие да имаат подобар живот.
Пред да дојдам овде, не знаев многу за Рома популацијата, децата од улица, ниту пак за Македонија. Имав нешто слушнато за Рома луѓето и за циганите, но претежно негативни работи. Обично тие се опишани како сиромашни, луѓе кои немаат своја држава и просат по улиците. Се сеќавам дека првпат кога слушнав за нив, ми беше посочено да внимавам, бидејќи тие немаат најдобра хигиена и знаат да крадат. Покрај се тоа, децата, можеби имаат и повеќе од тоа што ние го имаме. Знаат да бидат среќни со тоа што го имаат, алиштата и изгледот не им се толку важни, поважен е карактерот, иако исто така уживаат и во луксуз, убави нови работи, кога имаат можност. Рома популацијата успеала да си ја задржи својата култура и традиција, иако немаат своја држава. Се што им е потребно е да бидат заедно. Каде и да одат со нив си ги носат своите верувања. Тие се храбра нација со длабока желба за живот.
Работата со децата е како патување на море. Не се знае што може да се очекува од денот, па мора како човек да бидеш флексибилен и да преживееш на некој начин и да ги усреќиш сите на крајот од денот. Децата се полни со енергија и нивната љубов кон животот е поголема од било што, што сум видела до сега. Знаат како да си поигруваат со животот и уживаат во секоја секунда. Децата се како риби во морето, секогаш знаат како да се одалечат од проблемите, и во исто време се запрашувам како успеав да преживеам до сега, бидејќи нивните игри и слободни активности, како искачувањето на највисокиот ѕид, може да бидат многу опасни. На некој начин тие се како мачки – секогааш паѓаат на нивните нозе. Иако ги немаат сите модерни луксузи, успеваат да измислат различни активности. Целиот свет е нивно игралиште.
Во моите очи, не е возможно да не ги сакаш, посебно нивните преубави очи. Покрај физичката убавина, тие имаат души направени од музика. Секогаш кога има момент каде што некој знае да пее или да свири некој ритам со било кој инструмент, тие се веќе спремни да компонираат нови песни. Имаат многу голема и моќна енергија која доаѓа од внатре и никогаш не се доволно срамежливи за да го изразат тоа. Друго нешто што имам забележано е дека тие се родени преживувачи. Секогаш спремни да се борат за себеси и за своите права, а покрај тоа, сеуште ја делат својата храна со пријателите иако не знаат кога ќе е нивниот следен оброк. Секогаш ти го чуваат грбот и се спремни да ти помогнат, но не би сакал да ги предадеш, никој не сака да ги има како непријател.
За мене тие се како сите останати деца – полни со енергија, секогаш спремни да почнат со игра и секогаш кога ќе ги видам, имаат огромни насмевки на лицата, уживаат во животот. Можеби една разлика има во прашањата кои ги поставуваат. Некогаш кога ќе се изморат од учење ме прашуваат многу прашања. Покрај секојдневното ‘‘Како се викаш?‘‘ или ‘‘Колку години имаш?‘‘, почнуваат да ме прашуваат прашања за мојот дом. ‘‘Дали имаш мајка?, добро, а татко?‘‘, ‘‘Дали имаш дом?‘‘, се најчестите и овие прашања ми го кршат срцето.
Работата со децата од улица знае да биде со многу предизвици, но за мене исто така значи ден исполнет со љубов и среќа. Понекогаш тие се караат и имаат расправии, но во нивните мили моменти секогаш ги делат најубавите прегратки и секој работен ден завршува и почнува со прегратка.
Трине Висма
Leave a Reply