Уште два натпревари. Уште само два натпревари и Македонија има шанса да игра на Европско првенство. По успехот на македонскиот тим до 21 година кој играше на Европското првенство во Полска во 2017, каде за жал тимот не успеа да помине по подоцнежните етапи на првенството, сега се појавува ново светло на крајот на тунелот. И покрај се тоа беше голем успех и вест бидејќи за прв пат македонски тим во фудбал успеа да се пласира на некое големо натпреварување. Сега македонскиот сениорен состав има можност да ги направи тоа на големата сцена.
По победата на Гибрралтар од 4-0 во Скопје, Македонија заврши прва во својата група 4 од лигата Д од Лигата на нации и успеа да се пласира во финалето односно на завршниот турнир. Македонија успеа да се пласира со 15 поени што е вториот најдобар резултат од четирите групи во лигата Д со само бод помалку од Грузија. Заедно со Македонија и Грузија на завршниот турнир се и Белорусија и Косово. Со цел да се квалификува за Европското првенство Македонија најпрво ќе треба да победи во полуфиналето, а потоа и во финалето на завршниот турнир кој ќе се игра во март 2020 по завршување на квалификациите за Европското првенство. Екипите кои ќе се пласираат на ЕУРО 2020 низ квалификациите ќе остават место за оние другите кои се следни на табелите да играат на завршниот турнир на Лигата на нации. Имајќи го ова на ум, сметам дека Македонија има големи шанси да игра на ЕУРО 2020 со нозето цврсто на земја и целосно фокусирани на претстојната задача.
Европското првенство ќе обележува 60 години од неговото прво издание во 1960. Како дел од ова УЕФА реши првенството да се игра на 12 различни стадиони низ цела Европа кои поднесоа кандидатури да бидат дел од овој настан, заедно со нив и Македонија со нејзиниот најголем стадион во Скопје, Филип Втори Македонски иако за жал кандидатурата беше неуспешна. Сега бидејќи Македонија нема да биде домаќин на натпревари се уште има шанса да биде присутна на ЕУРО 2020 и овојпат на само како гледачи туку на теренот и бранејќи ги боите на Македонија.
Не би сакал да кажам дека ова е единствената или последната шанса Македонија да игра на едно големо, тимско натпреварување во фудбал, но сигурно е една одлична шанса. Се појавува можност, светлост да се разбуди и возбуди народот и да се сплоти за националниот тим како само неколку пати порано, да се оди и да се гледаат натпревари на македонскиот национален тим, а не за тимот кој моментално гостува и да сплоти една нација. Јас лично се надевам за многу вакви шанси, за многу натпревари на различни натпреварувања, за викање колку што ни држи гласот за уште тој мал поттик да се бориме до крај и да се игра со срцето на теренот. Ајде Македонија!!!
Андреј Наумовски
Leave a Reply