Заедно до подобро општество! Саем на невладини организации на град Скопје, организиран 4-ти пат по ред од страна на Волонтерски Центар Скопје со финансиска поддршка од град Скопје. На прв поглед изгледа како веќе воспоставена традициа на организација на НВО саемот која станала рутина со тек на времето. Дали навистина е така? Најнапред, треба да се има предвид дека секоја организација има своја оргазницациона структура во која секој вработен има свој делокруг на делување. Дел од задачите кои ги добивате ви се задоволство да ги работите особено ако тие задачи се распределни во договор со вашиот претпоставен. Доколку вашата работна задача во исто време е и ваше задовлство, половина од рабоата е завршена. Има вистина во тој факт но сепак не треба да се занемарат и предизвиците со кои ќе се соочите додека ја исполнувате вашата работна задача, особено ако тоа е прво ваше искуство. Во ситуации кога за прв пат реализирате задача на која го посветувате целото ваше внимание многу важна е поддршката на вашите колеги особено на постарите колеги со долгогодишно искуство во организацијата. Сево погоре наведено го изнесов со цел полесно да ве внесам во позадината на НВО саемот „Заедно до подобр општество!“ и целата логистичка организација на истиот. Подготовките на саемот започнуваат најнапред со навраќање на одобрената проектната апликација и забележување на сите детали на страна. Следен чекор е анализа на искуството на вашите претходни колеги преку пребарување на архивите и правење целосен пресек на сите преземени активности за организација на саемот претходните години. Додека правите пресек на веќе воспоставената пракса ги утврдувате пропустите и се обидувате да ги подобрите. Целта на секое човеково битие e да се подобруваат воспоставените практики, не дека претходните не биле доволно добри, напротив затоа што биле одлична основа која понатака треба да се надоградува. Следен чекор е состанување со колегите од вашата организација со цел да се слушне нивното искуство и да се добие ориентација за целиот настан.
Од досега кажаното едно е повеќе од очигледно, тимкската работа и учењето од искуството на вашите предци е неопходно со цел да почнете со организација на саем. Продолжувате понатака, покрај целата возбуда која ја чувствувате на почетокот сега чувствувате огромна одгворност и обврски кои „легнале та натежнале“ Рацин, на вашиот грб. Ова е вистинскиот момент кога ќе треба да ги употребите сите ваши умеења и способности со цел организирате еден солиден саем како саемот „Заедно до подобро општество!“. Откако го поминувате „теоретскиот“ дел, се впуштате во акција. Најнапред определувате место, дата и време кога ќе биде одржан саемот. Последователно изготвувате повик за организации заедно со апликација на која ќе може да го пријават своето учество. Креирањето а апликационата форма може да одземе повеќе време, особено ако си дозволите неколку пати да ја продискутирате со вашите колеги за да не направите пропуст. Организација на саем без волонтери е невозможно! Трудот, времето и посветеноста на волонтерите кои ќе ги вклучите во организацијата на саемот во суштина ќе станат движечката сила на саемот на денот на неговото одвивање. Беспрекорното функционирање на волонтерите е детерминирано од координативниот тим на саемот. Доколку навремено одржите координативен состанок со волонтерите на кој ќе определите тимови со определени задачи, координатор на секој тим во договор со волонтерите на состанокот како и членови на секој тим, на денот на саемот со голема сигурност се ќе биде во најдобар ред.
Навремената и прецизна комуникација со организациите гости на саемот е еден од клучните моменти за исполнително организирање на саемот. Обостраната комуникација гоолеснува целиот технички процес на поставување на штандовите на организациите на големиот ден на саемот. Кога сите овие елементи се навремено средени и солидно завршени и иамте листа на потреби на секоја организација преминувате во организаирање на просторот каде што ќе биде организиран саемот. И ништо не е готово додека ден пред саемот не отидете на местото кадешто ќе биде одржан саемот и не ги поставите штандовите, каблите и целата техничка опрема. Најважно е додека секој ден работите на подготовкта на саемот да не заборавите да одвоите 30-60 минути за промоција на саемот на пошироката публика. Организациите учеснички на саемот особено може да ви помогнат во промоцијата преку споделување на веста за саемот со нивните мрежи.
Убавината на саемот завршува со наградување на најдобрите штандови, не заборавајте да изготвите сертификати за најдобрите штандови. Со завршувањето на „големиот ден“, не завршува и саемот. Следниот ден задолжително забалагодарете се на учеството на организациите на саемот, како и продолжете со споделување на резултатите од саемот со пошироката јавност.
Организацјата на саем е убава и ве исполнува, како што забележавте нема место за паника и стрес доколку го следите целиот процес на организација активно и секако тоа го правите со голема љубов!
Сакате да видите како изгледаше саемот на „сцена“ ? Повелете на следниот линк: https://vcs.org.mk/mk/together-to-a-better-society/
Видео? https://www.youtube.com/watch?v=3XZBxJ2jXLI
Вафире Мухареми
Кординатор на НВО саемот „Заедно до подобро општество!“
Leave a Reply